Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Формирано Координативно тело за реализација на договорот со Велика Британија, МФ овластено да изнајде финансирање за брзата пруга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Формирано Координативно тело за реализација на договорот со Велика Британија, МФ овластено да изнајде финансирање за брзата пруга
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Формирано Координативно тело за реализација на договорот со Велика Британија, МФ овластено да изнајде финансирање за брзата пруга

Објавено June 11, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Владата на вчерашната седница ги отпочна првите чекори за реализација на Договорот со Велика Британија и веќе е формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Членови на координативното тело покрај мене се: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Министерот за дигитална трансформација, Министерот за здравство, директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Генералниот секретар на Владата и Државниот првобранител, а телото може да кани и други гости по потреба, кои што ќе ја следат реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија – истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски додаде дека на вчерашната владина седница е направен и првиот чекор, за отпочнување на проектот за изградба на брза пруга на Коридорот 10, од границата со Грција до границата со Србија.

Имено Владата на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука, со која што се задолжува Министерството за финансии, на меѓународниот финансиски пазар, низ една отворена и транспарентна процедура, да изнајде финансии за спроведување на овој проект. Должината на пругата треба да се некаде над 200км., истата треба да е двоколосечна, во патничкиот сообраќај треба да има брзина од 160км/ч, а во карго сообраќајот треба да има брзина од најмалку 120км/ч и рокот за реализација треба да е некаде 5 години. Очекуваме во текот на летните месеци да имаме поконкретни детали околу финансирањето на проектот, и секако да одиме кон фаза на избор на изведувач, кој што би почнал уште од оваа есен да работи на теренот. Ќе работиме во заеднички проект, каде што и проектирањето и изведбата ќе бидат од еден изведувач и најверојатно ќе се оди според FIDIC правилата или според така наречен жолт FIDIC или според така наречен среден FIDIC – изјави вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ливерпул ги урна сите рекорди – Вирц на „Енфилд“ за 150 милиони евра
Следна Статија Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз, смета премиерот Христијан…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Три големи инфраструктурни проекти наскоро ќе се завршат, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти. -Очекувам, завршување на најмалку три инфраструктурни проекти, и тоа…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Наскоро ќе се знае цената на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на тендер

За кратко ќе се знае цената на струјата, којашто ќе ја понуди на тендер ЕСМ, најави денеска претседателот на Владата,…

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапеа цигарите, од први јануари повисока акциза

Поскапеа дел од цигарите. Родео, Бос, Давидов и Вест од денес имаат за 10 денари повисока цена. Причината е новите…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?