Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Четири милиони патници годишно во авиосообраќајот е реално остварливо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Четири милиони патници годишно во авиосообраќајот е реално остварливо
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Четири милиони патници годишно во авиосообраќајот е реално остварливо

Објавено July 21, 2026 14:11
Сподели
Сподели

Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион со што Скопскиот аеродром се вброи меѓу првите бази на „Визер“. Додавањето на уште еден воздухоплов во базата во Скопје значи повеќе дестинации и поголем број на френвенции на летови. Благодарение на дополнителниот авион беа отворени две нови линии до Палермо и Алгеро, авиолинии чиишто први летови беа реализирани на 15 и 18 јули.

Ова, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е големо достигнување, нешто што многу национални авиокомпании не можат да се пофалат.

Ако не се лажам, ова е трета најголема база којашто Визер воопшто ја има и се надевам за многу брзо време Скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони коишто се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не можат да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека Визер практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа – изјави Николоски на прес-коонференцијата организирана на Скопскиот аеродром.

Ваквите успеси, според Николоски, не се случајни и се резултат на заедничка работа.

Само компанијата Визер, ако минатата година превезе милион и 700.000 патници, веќе за првите шест месеци оваа година превезе милион и 200.000 патници, што јасно го покажува растот. Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има два милиони патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за два милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се четири милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо – изјави Николоски.

За генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, овој седми воздухоплов е многу повеќе од оперативна одлука, претставува силна потврда за потенцијалот на Македонија, партнерството меѓу ТАВ Македонија и Визер и јасен сигнал за иднината на домашниот воздухопловен сектор.

Секој дополнителен авион создава нови работни места за пилоти, кабински персонал, земски служби, техничко одржување и аеродромски услуги. Истовремено, се поттикнува растот и на други сектори како туризмот, угостителството, транспортот и трговијата. Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции – подвлече Курт.

Од ТАВ Македонија се особено горди што меѓу 15-те аеродроми со кои управува ТАВ Аеродроми, ТАВ Македонија бележи највисок раст на бројот на патници во текот на оваа година.

Во првите шест месеци од 2026 година, аеродромите во Скопје и Охрид заедно опслужија речиси 2 милиони патници и реализираа повеќе од 13.000 летови. Тоа претставува раст од 28 проценти во патничкиот сообраќај и 7,6 проценти во бројот на летови во споредба со истиот период минатата година. Зад овие бројки стојат милиони лични приказни и патувања: луѓе кои ги посетуваат своите семејства и пријатели, туристи кои откриваат нови дестинации, посетители и гости во нашата земја и компании кои создаваат нови деловни можности, рече Курт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поразот од Шпанија беше последниот меч на Меси за Аргентина
Следна Статија Се сеќавате на неа? Откако ги помагаше „шарените“ Тања Фајон не може да најде никаква работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Заев ужива на јахта во Паљури, Вие скенирајте фискални

Читатели на Нетпрес, кои престојуваат во туристички во местото Миражио Паљури на Халкидики во соседна Грција, до редакцијата на порталот испратија фотографии…

June 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски во Катар лобира за авиолинија Скопје- Доха

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две деловни средби,…

July 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

На покана од конгресменот Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе реагираме, разочаран сум кажа Муцунски за 10-годишната забрана за Менкиновски од Бугарија

Министерството за надворешни работи подготвува соодветна дипломатска реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?