Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!
ЕКОНОМИЈА

Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!

Објавено March 5, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Задоволство е да означиме почеток на уште еден проект. Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија, на овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави затоа што ќе имаме „One stop shop“, покрај на патничкиот дел, истото ќе биде и во железничкиот дел кога ќе се патува со воз, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Се надевам дека ова ќе е кон повторно воспоставување на редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград, зошто се потребни напори секако од двете страни.Се работи за проект во вреденост од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250 илјади евра во делот на консултантски услуги и надзор. Консултантските услуги се целосен грант во делот на градежните работи имаме грант од 2,4 милиони евра, а исто така имаме поволен кредит од страна на Европската банка за обнова и развој во висина од 5 милиони евра, изјави Николоски.

Предвидено е целокупната постапка да заврши за две години.

-Предвидено е вкупните работи да бидат на простор од 10 илјади 100 метри квадратни, на навистина една сериозна површина. Очекуваме до лето оваа година да избереме изведувач и во рок од две години да се заврши целокупната постапка, како веќе на средината на 2027 година би имале единст6вен граничен премин во делот на железница со Република Србија што секако ќе забрза и во делот на патнички но и пред се во делот на товарен сообраќај, нешто што е главен предизвик и нешто на што многу посветуваме внимание во овие месеци како што сме избрани како Влада, појасни Николоски.

Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата вели Николоски.

Сметаме дека како еден од главните крвотоци на државата е токму Коридорот 10, кој што почнува на јужните пристаништа, на пристаништето Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка и практично да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увос во Европа и исто за извоз од Европа и ние се обидуваме и ние навистина во тој дел се обидуваме да придонесеме, потенцираше бицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка
Следна Статија Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?

Граѓаните и во март продолжиле со активно задолжување, најмногу за станбени и потрошувачки кредити, каде што забележан е раст од…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните се „дават“ во кредити, за што најмногу се задолжуваат?

Македонските граѓани најмногу се „заглавени“ во потрошувачки и станбени кредити. Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Голем раст на градежништвото и транспортот, ја градиме Македонија

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?