Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никој не прифаќа вина за трагедијата во дискотеката „Пулс“: Обвинението затрупано од приговори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Никој не прифаќа вина за трагедијата во дискотеката „Пулс“: Обвинението затрупано од приговори
МАКЕДОНИЈА

Никој не прифаќа вина за трагедијата во дискотеката „Пулс“: Обвинението затрупано од приговори

Објавено October 15, 2025 10:07
Сподели
Сподели

Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животот го загубија 64 лица, а повеќе од 200 беа повредени, не прифаќа вина за трагедијата, како што се товарат во обвинителниот акт, покажуваат нивните приговори на обвинението, изнесени во судската Оценката на обвинението, чии делови објавува порталот „Призма“.

Документот има 117 страници, а на 109 од нив се приговорите на обвинетите и нивните адвокати. Во оваа фаза од постапката никој од нив не признал вина. Спротивно на обвинителството, обвинетите сметаат дека не може за пожарот во дискотеката, во 2025 година да одговара некој што бил на функција десетина години порано.

Над 30 адвокати, најмногу локални бранители од Кочани, ги застапуваат обвинетите. Според многуте приговори, обвинетите обврската за постапување ја префрлаат или кај други обвинети, па и кај некои што се починати, или во немањето пријави или надлежности за постапување.

Првообвинетиот сопственик на дискотеката, Дејан Јованов, кој го чека судењето во кумановскиот затвор, вината за трагедијата ја префрла кон институциите, кои пропуштиле да го регулираат објектот. Дел од одговорноста, според приговорот што го поднел, префрла и кај бендот ДНК, затоа што не му пријавиле дека ќе користат пиротехника.

Неговиот син Михаил Јованов, одговорноста ја префрла кон други, како, на пример, кон покојниот Александар Карадакоски, кој се водел како управител на дискотеката.

Братот на Дејан Јованов, Тодор, во приговор се изјаснил дека не бил формално одговорен во фирмата на неговиот брат, како што тврди Обвинителството, туку само продавал влезници во дискотеката како хонорарец.

Приговори има и од многуте инспектори, градоначалници, министри, како и други функционери на локално и централно ниво, кои се опфатени со обвинението. Тие најчесто приговараат за ненадлежност, отсуство на соодветна пријава или налог да делуваат. Обвинителниот акт, опфаќа најчесто дела на нечинење и непостапување во период од 13 години.

За потсетување, со обвинителниот акт се товарат 34 лица, и три фирми, во него е изнесен обемен доказен материјал – над 1.440 докази, а предложени се дури 283 сведоци за сослушување.

Правната квалификација, бројот на обвинети и временскиот период за кој се однесува, го прави ова обвинение едно од најделикатните во поновата судска историја. Адвокатите го оценија обвинението како паушално и нејасно и со предвидување дека предметот ќе се суди маратонски.

Некои од адвокатите на одбраната побарале судиите да закажат јавно рочиште на кое ќе се оценува обвинението, но, тројцата судии Моника Бахчовановска, Софче Гаврилова-Ефремова и Илија Трпков, одлучиле тоа да биде на затворена седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српската Алта банка официјално ја презеде Стопанска банка Битола
Следна Статија Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги. Оваа награда се доделува…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајков во посета на фондацијата на Фидес: Важна е улогата на граѓанското општество во европските интеграции

Зголемување на соработката, размена на искуства за европската интеграција, поддршка на граѓанското општество, прашања поврзани со јакнењето на демократијата и…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе има средба со лидерите на земјите од Западниот…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?