Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии
ЕКОНОМИЈА

Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии

Објавено February 21, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000 – 3 000 Албанци во јавната адинистрација.

Не знам кој што изјавил. Знаете како оди издавањето согласности за вработување. Секоја согласност се издава врз основа на годишен план за вработување донесен претходната година. Годишните планови за вработување не предвидуваат такви нешта, ниту јас сум потпишала во овој момент согласност за вработување по етничка припадност или толку многу како што слушнав како бројка. Такво нешто не постои. Во овој момент најактуелен е здравствениот сектор, се потпишуваше, но за луѓето кои веќе работеле таму, им се продолжуваа договорите. Повеќе од тоа нема, ниту сум потпишала, ниту има барање, ниту има каков било договор за такво нешто, рече Димитриеска-Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК).

Во врска со еврообврзницата, потсети дека е исплатена со средствата од унгарскиот кредит. Првата транша беше повлечена лани, а втората годинава.

Повлековме две транши од по 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто. По основа на овие средствата што ги позајмивме за само една година имаме заштеда во Буџетот од 30 милиони евра. Обезбедивме средства со поволни услови. Ако Македонија сака да излезе на меѓународните пазари и да позајми средства пореку издавање еврообврзница, каматната стапка нема да биде пониска од 6,25 проценти и тоа е многу лесно проверливо. Проверете со кои каматни стапки соседите ги добивале средствата и ќе видите дека не се пониски од 6 проценти. Значи, разликата е три процентни поени. Само за една година по основа на овие средтства што ги позајмивме имаме заштеда во Буџетот од 30 милиони евра. Секој што добро знае математика, може да ја направи сам пресметката. Секој што се обидува да го оцрни целиот овој процес, претпоставувам дека го користи само за ПР потези, а дома кога ќе седне ќе види колкава била заштедата во Буџетот, напомена Димитриеска-Кочоска.

Во однос на сметководителите, уште еднаш кажа дека иако имаат дисциплински мерки, ќе можат да ги потпишат завршните сметки за 2024 година, но потоа ќе мораат да ги завршат законските предвидените часови за професионална обука. Паралелно, ќе се провери и состојбата во Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и доколку се утврдат какви било злоупотреби, ќе се преземат соодветни мерки. За 2025 година, како што рече министерката, донесен ќе биде новиот закон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија попладнево во Скопје: Возач почина зад воланот
Следна Статија (ВИДЕО) Вучиќ лесно излезе на крај со новинарката што Земунскиот клан ја држеше на нишан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Усвоен Дополнетиот ребаланс на Буџетот, обезбедени повеќе средства за проекти од инфраструктурата, за образованието и социјална заштита

Дополнетиот ребаланс на Буџетот вчера бил усвоен на владина седница и со него се обезбедуваат дополнителни средства за Министерствата за…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна…

January 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари. Највисоките малопродажни цени…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?