Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска
СПОРТ

Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска

Објавено April 13, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во првиот меч беа поразени со 18-22.

Полска го отвори мечот со мини-серија од 2-0, по што Македонија го возврати ударот (3-3). Жестоката борба продолжи и во останатиот дел од првото полувреме, а македонските ракометарки успеаја и да поведат со 8-7, по што се играше гол за гол до 10-10.

Гостинските ракометарки постојано го одржуваа водството во второто полувреме од еден гол, додека Македонија успеа да израмни неколку пати, но пропушти шанса повторно да го преземе водството.

Македонија во финишот пропушти неколку шанси, кои знаеше да ги казни Полска и да слави на крајот со 23-21. Најефикасна во македонскиот состав беше Катерина Дамјановска со пет голови, додека Балсам запиша седум погодоци за Полска.

Македонската женска репрезентација последен пат на Мундијал настапи во далечната 2007 година во Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Цветници
Следна Статија Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Леао го искачи Милан на челната позиција во Серија А

Во последниот неделен дуел во Серија А, Милан ја победи Фиорентина благодарение на пенал во самиот финиш од натпреварот. Милан…

October 20, 2025
СПОРТ

Охриѓани набавете навреме билети за мечот со Олимпијакос

Атинскиот клуб Олимпијакос в недела ќе го пречека ГРК Охрид во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на ЕХФ Европскиот куп,…

March 26, 2026
СПОРТ

Модриќ и Анчелоти последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)

Денеска за Лука Модриќ и Карло Анчелоти мечот од последното 38. коло во Ла ЛИга против Реал Сосиедад, е последен…

May 24, 2025
СПОРТ

Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0

Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0. Натпреварот…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?