Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова „бомба“ на СДСМ: Дали власта на Мицкоски внесува сомнителен капитал во Македонија преку „банкарот на Вучиќ“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нова „бомба“ на СДСМ: Дали власта на Мицкоски внесува сомнителен капитал во Македонија преку „банкарот на Вучиќ“
ПОЛИТИКА

Нова „бомба“ на СДСМ: Дали власта на Мицкоски внесува сомнителен капитал во Македонија преку „банкарот на Вучиќ“

Објавено December 12, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), конкретно нејзиниот т.н. антикорупциски тим, денеска објави нова „бомба“, односно изнесоа наоди за влез на сомнителна српска банка на македонскиот финансиски пазар, која, според нив, е блиска до српскиот претседател Александар Вучиќ, а наводно и до врвот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Наводите на социјалдемократите на прес-конференција ги изнесе Александар Саша Димитријевиќ, член на Централниот одбор на СДСМ, кој обраќањето го почна со:

„Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“.

Станува збор за српската „Алта банка“, која пред два месеци ја презеде домашната „Стопанска банка АД Битола“, за што, како што кажа Димитријевиќ, согласност дал гувернерот на Народната банка (НБРМ), Трајко Славески.

Во тој контекст, од СДСМ прашаа дали токму влезот на оваа српска банка била причината поради која Трајко Славески беше избран за гувернер на Народната банка.

Но, според социјалдемократите, клучното прашање е „што се крие зад оваа зделка“ и зошто се реализираат веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Повикувајќи се на, како што рече, фактите, Димитријевиќ наведе дека сопственик на „Алта банка“ е Давор Мацура од Србија, кој за краток период од сопственик на мала менувачница во Земун, станува сопственик на банка, земјишен магнат и инвеститор, кој има договори со огромни државни компании во соседна Србија.

Последно, велат од СДСМ, е огромниот државен бизнис на „Електростопанство на Србија“, односно сметките за струја што ѝ се дадени на банката на Мацура.

Според пишувањата на дел од српските медиуми, велат од СДСМ, рецептот за неговиот успех се наводните негови врски со владејачката Српска напредна партија (СНС) и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неговиот брат и кум.

„Српската опозиција редовно го обвинува Мацура за криминал. А медиумите во Србија го врзуваат пријателството и со Милан Радојчиќ, под американски санкции и на црната листа“,рече Димитријевиќ.

Тој наведе и дека кога Мацура се обидел да го прошири својот бизнис и во Европската Унија (ЕУ), односно да купи речиси 20 проценти од уделот во австриската „Адико банка“, Европската централна банка (ЕЦБ) му го суспендирала правото поради сомнеж за потеклото на капиталот.

Според пишувањата на весникот „Фајненшл тајмс“, имало долга истрага од страна на ЕЦБ за Алта пеј (Alta Pay) поради сомнежи за перење пари.

Ова, велат од СДСМ, значи дека со преземањето на „Стопанска Банка АД Битола“ од страна на „Алта банка“, е дозволен легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари.

„Како тоа Европската централна банка има преземено ваков ригорозен чекор, а Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија? Зошто не биле повнимателни? Особено што станува збор за банка од понизок ранг“,праша Димитријевиќ.

Според него станува збор за српското сценарио за кое предупредувал Социјалдемократскиот сојуз изминатиот период.

Од опозициската партија наведуваат дека оваа трансакција наводно е нераскинливо поврзана со финансиско-политичката мрежа на владејачките структури со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали ова значи отворање на патот за селење на сомнителен капитал и влијанија од Србија во Македонија.

Поради тоа, од СДСМ бараат Финансиското разузнавање и Управата за финансиска полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање, да го испитаат потеклото на парите и ризикот од перење пари.

„Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди“,рече Димитријевиќ на крајот на прес-конференцијата.

Инаку, ова е трета „бомба“ од серијалот прес-конференции на кои, како што најави лидерот на СДСМ, минатата недела, антикорупцискиот тим на СДСМ ќе ги открива криминалните шеми на владејачката партија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети повика на протест „Јас сум УЧК“ утре на плоштадот Скендербег во Скопје
Следна Статија Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ го лажеше народот иако знаеше дека уставните измени не се последното барање од Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најлошата дипломатија што ја имала нашата држава беше на чело со Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ, кои освен…

April 19, 2025
ПОЛИТИКА

Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, ја добил во 2023 година да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент

Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница.…

April 28, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзани со најновите анкети кои се појавија…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?