Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова комуникациска платформа „Дознај факти од Уставен суд“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нова комуникациска платформа „Дознај факти од Уставен суд“
МАКЕДОНИЈА

Нова комуникациска платформа „Дознај факти од Уставен суд“

Објавено June 14, 2026 15:09
Сподели
Сподели

Уставниот суд од денеска пушта во употреба нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност.

– Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, одлуките и надлежностите, но и да придонесе во борбата против дезинформациите, шпекулациите и лажните вести поврзани со работата на Уставниот суд, кои во изминатиот период се зачестени – соопшти прес-службата на Уставниот суд.

Преку „Дознај ФАКТИ“, наведуваат во соопштението, Судот ја зајакнува својата проактивна комуникација со јавноста, обезбедувајќи место каде што фактите ќе бидат достапни и лесно разбирливи.

Најавуваат дека платформата ќе содржи точни и официјални информации, појаснувања на одлуки и постапки, разликување на фактите од шпекулациите, како и едноставни објаснувања за уставно-правни прашања.

Покрај актуелните содржини, платформата ќе објавува и податоци за Судот, организацијата и надлежностите, значајни одлуки од уставно-судската практика, како и интересни факти од историјатот на Уставниот суд и развојот на уставното судство. На овој начин, посочуваат од уставниот суд,

„Дознај ФАКТИ“ ќе претставува и едукативен простор кој ќе придонесува за унапредување на јавната, правна култура и подобро разбирање на улогата на Судот во заштитата на уставноста, законитоста и човековите права и слободи.

-Со воспоставувањето на оваа платформа, Уставниот суд ја потврдува својата определба за навремена, точна и одговорна комуникација со јавноста, како и својата посветеност кон градење на доверба преку факти и официјални информации. Кога имаш дилеми – провери ги фактите! Точно. Јасно. Официјално. Дознај ФАКТИ од Уставен суд – порачува Уставниот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за лагите на СДСМ: Нема мигранти, но ќе има брза пруга
Следна Статија Ставете си еден „blue curacao“: Знаете ли каде се наоѓа денешниот противник на Германија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Стармер

Во рамките на посетата на Самитот за Западен Балкан, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со британскиот премиер, Кир Стармер. На…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност

Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извршителите минатата година наплатиле околу 160 милиони евра, тврдат дека цените на нивните услуги не биле високи

Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?