Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова кривична за Прпарим Бајрами: Закупил деловни простории неадекватни за Лотарија и по повисока пазарна цена за м2
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нова кривична за Прпарим Бајрами: Закупил деловни простории неадекватни за Лотарија и по повисока пазарна цена за м2
ХРОНИКА

Нова кривична за Прпарим Бајрами: Закупил деловни простории неадекватни за Лотарија и по повисока пазарна цена за м2

Објавено February 19, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

Пријавениот П.Б во својство на директор на АД Државна лотарија, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по цена за м2 која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое претставува посебен услов предвиден во јавниот повик.

Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик – деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 м2 и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 м2 иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 м2. Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 м2 од објектот што е предмет на закуп. Пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година. Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по м2 иако во тој период цената за м2 за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2.5 до 4.5 евра. Исто така, деловните простории не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија, информираат од Управата за финансиска полиција.

На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ја поздрави донацијата од 305 уреди за прочистување на воздухот, во вредност од еден милион евра: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница
Следна Статија Си-Ен-Ен: Дизајнот на авионот им помогна на сите 80 луѓе да ја преживеат несреќата на „Делта ерлајнс“ во Торонто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поранешната девојка со тажна објава се прости со прерано починатиот Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката…

August 4, 2025
ХРОНИКА

Судот реши: Асмир Јахоски, газдата на компанијата „Пуцко Петрол” останува во притворот во Шутка

Асмир Јахоски, газдата на компанијата „Пуцко Петрол” останува во притворот во Шутка. Кривичниот совет го одби неговото барање да биде…

April 22, 2025
ХРОНИКА

Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и остатоците од починатите лица ги фрлало на друга локација, соопшти СВР Штип.…

March 14, 2025
ХРОНИКА

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“,…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?