Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови детали за здравствената состојба на Шумахер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нови детали за здравствената состојба на Шумахер
СПОРТ

Нови детали за здравствената состојба на Шумахер

Објавено January 26, 2026 14:13
Сподели
Сподели

Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“ повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет.

Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка.

Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од „синдром на заклучување“ или псевдо-кома, што се однесува на способноста да реагира на околината и да комуницира со другите само со трепкање и движења на очите.

Неколку извори изјавија дека оваа информација е неточна.

– Невозможно е да се каже со сигурност дали тој разбира сè, бидејќи не може да зборува за тоа. Постои чувство дека е свесен за дел од она што се случува околу него, но веројатно не за сè, изјави еден извор за Дејли мејл под услов да остане анонимен.

Изданието, исто така, негираше дека Шумахер присуствувал на свадбата на неговата ќерка Џина во 2024 година и потврди дека само три или четири лица смеат да го посетат, вклучувајќи ги поранешните лидери на Ферари, Жан Тод и Рос Браун, и веројатно неговата менаџерка, Сабине Кем.

За потсетување, Шумахер продолжува да се рехабилитира по трауматската повреда на мозокот здобиена при скијање на Алпите во декември 2013 година. Семејството на седумкратниот шампион одржува строга доверливост во врска со неговата состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија
Следна Статија Коцарев бара оставка од Попов од претседател на МАНУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани

Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските фудбалски великани Вардар…

March 18, 2025
СПОРТ

Колку заработил Надал од учеството на турнирите?

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал стави точка на кариерата со поразот од Шпанија од Холандија во Дејвис…

November 21, 2024
СПОРТ

Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра…

November 28, 2024
СПОРТ

Скопје станува шаховски центар викендов, учествуваат 200 учесници од 8 земји

На 23 мај, петок во Скопје почнува Меѓународниот младински шаховски турнир „КВАЛИТЕТ 2025”, во организација на Јахја Кемал колеџот и…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?