Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија
ЗДРАВЈЕ

Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

Објавено August 8, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.

Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со звањето Доктор по медицински науки со фокус на Кардиологијата, поточно во полето на инвазивни техники во третман на каротидната артериска болест, за која има бројни предавања на интернационални стручни и научни конгреси.

Од 2011 година е вработена на Универзитетската Клиника за Кардиологија каде што ја применува својата експертиза во напредни дијагностички и терапевтски процедури.

Д-р. Петкоска придонела за оваа област со бројни публикации во рецензирани списанија со висок импакт фактор и е учесник во повеќе интернационални научни студии од областа на Кардиологијата.

Д-р Игор Кузмановски, роден 1972 во Скопје е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година. Тој сега е назначен за нејзин директор.

Завршува медицински факултет на државниот универзитет во Скопје со просечна оцена 9.12. Положил специјалистички испит по предметот Неврологија во 2002.

Докторирал 2016 и е актуелен професор на Медицински факултет Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ
Следна Статија Уште едно убиство во Штип: 65-годишна жена го убила својот 71-годишен сопруг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална…

October 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за…

October 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина и одговорност ќе има

Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие…

September 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најдебелиот пациент во Центарот за слабеење имал 288 килограми, 40 пациенти со прекумерна тежина ќе може да се оперираат на Клиниката за дигестивна хирургија

288 килограми е најдебелиот пациент кој бил третиран во Центарот за справување и третман на обезност на Универизтатската клиника за…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?