Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди
ЗДРАВЈЕ

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Објавено June 29, 2025 22:53
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински експерти, „во моментов, 70 отсто од пациентите што се лекуваат на терцијарно ниво, всушност припаѓаат на секундарното здравство“. Изјавата ја даде на прес-конференција во Министерството за здравство, одговарајќи на прашања за метежот и долгиот период на чекање за специјалистички прегледи и дијагностика.

Ќе воспоставиме јасни индикатори за секој доктор, дали ги нуди услугите што се очекуваат од него во примарното и терцијарното здравство, или само ги пренасочува пациентите од примарно кон терцијарно ниво“, истакна Алиу.

Министерот најави дека е во тек сеопфатна анализа, по која ќе се воспостави нов систем за управување со упатите. Системот ќе биде поврзан со платформата „Мој термин“, со јасни, стандардизирани протоколи за тоа кога и како пациентите се упатуваат од едно ниво на здравствена заштита кон друго.

Алиу посочи дека државата сè уште нема целосна слика за расположливите човечки ресурси и капацитети во здравствениот систем.

„Истите тие податоци ќе ни дадат и јасна слика за типот на инфраструктура со кој располага здравствениот систем. Во моментов, на пример, немаме целосна слика за човечките ресурси во здравството“, рече министерот, додавајќи дека се работи на собирање и објавување на транспарентни информации за здравствениот кадар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Времето денеска: Сончево и ветровито со температура до 37 степени
Следна Статија Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Измислена нова вакцина за трудници во Велика Британија

Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот…

May 2, 2026
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: На одмор јадете тазе зготвена храна и спречете убоди од инсекти

Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита од заболувања при патување. Во нив е наведено дека, ако патниците спаѓаат…

July 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а…

June 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Ги имате овие симптоми? Проверете дали имате недостаток на витамин Ц

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје.…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?