Членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје. Од компанијата информираат дека:
– Андреа Серафимовски – член на Управен одбор се стекна со 630 обични акции
– Катерина Ѓердовска – член на Управен одбор се стекна со 320 обични акции
– Виолета Божиноска – член на Надзорен одбор се стекна со 1.000 обични акции.
Претходно од компанијата информираа дека и останатите членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор – Страшо Милковски, Зоран Милковски и Ивана Милковска – Симева се стекнаа со нови акции.