Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови 511 заболени од грип, вакцинирани се вкупно 72.294 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Нови 511 заболени од грип, вакцинирани се вкупно 72.294 лица
ЗДРАВЈЕ

Нови 511 заболени од грип, вакцинирани се вкупно 72.294 лица

Објавено April 3, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Во текот на 13. недела од 2025 година – од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 39,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 13. недела од минатата сезона е зголемен за 3,1 пати, а во споредба со бројот за 13. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 53,6 проценти, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.

Новозаболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 198, Тетово – 67, Гостивар – 51, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.

Во текот на оваа недела, во девет извештајни единици се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска, а во Македонски Брод – средна активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 25.011, покажуваат податоците на Институтот.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,6 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 22,7 проценти. Кумулативно, заболените се пријавени од дваесет и девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица се регистрира на територијата на Скопје, додека највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на Дебар.

Заклучно со 13. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите
Следна Статија Можно е да се ограничи доаѓањето на работници од Западен Балкан во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Стомачен вирус хара во Велес

Иако има зголемување на бројот на пациенти – деца и возрасни со стомачен вирус во Велес, сепак лекарите од матичните…

August 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Министерот Алиу ќе разговара со Кедев откако кардиологот го напушти Советот на министерството

Министерот вели дека засега нема да го коментира случајот, ниту да навлегува во евентуалните причини зошто кардиологот се повлекува од…

February 1, 2026
ЗДРАВЈЕ

Докторите предупредуваат: Да не се купуваат нелиценцирани мелеми против изгореници

Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи. Вчера некој…

March 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани.…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?