Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата
МАКЕДОНИЈА

Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата

Објавено January 26, 2026 11:48
Сподели
Сподели

Враќање на довербата во институцијата народен правобранител, соработка и кадровска екипираност ќе бидат во фокусот на новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами, кој денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод стапувањето на функцијата.

Претседателот на Собранието, Гаши, му ја честита функцијата на Селами посакувајќи му успех и порача да биде во служба на народот, да ги брани правата на сите граѓни, без разлика на нивната етничка, религиозна и партиска припадност.

– Да им се заблагодарам на сите пратеници, и на тие од немнозинските заедници, кои сите заедно во петокот застанавме, пред сè, во деблокирање на една многу важна функција како што е народниот правобранител. Мислам дека тоа е единствениот начин како треба да работиме во Собранието, отворено, преку дијалог, изнаоѓајќи решенија што се во интерес на сите граѓани – изјави Гаши.

Селами истакна дека ја прифаќа функцијата, се заблагодари за укажаната доверба и соопшти дека ќе работи професионално, непристрасно, со највисока посветеност кон граѓаните, со почитување на Уставот и законите.

Тој информира дека негов приоритет е да се врати довербата во институцијата народен правобранител.

– Во тој правец ќе работиме со сите релевантни фактори, со Собранието и со Владата за првин да се направи кадровска екипираност на институцијата народен правобранител. Таа институција кадровски е преполовена, а нè очекува избор на осум заменици на народниот правобранител. Имам информација дека има еден предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, кој ќе треба да го видиме уште еднаш со стручните служби и во соработка со Собранието на Северна Македонија во најбрз можен рок да ги поминеме тие законски измени. Тоа се приоритетите – нагласи Селами.

На новинарско прашање дека институцијата Народен правобранител најчесто се соочувала со немање слух кај другите институции и како ќе се справат со тоа, Селами вели дека тоа е предвидено во измените од Законот за народниот правобранител, односно, како што рече, да има можност да изрекува и прекршоци.

– Сега единствена алатка ни се медиумите. Со препораки, со јавен укор и во соработка со медиумите. Мислам дека ќе треба во законските измени да има и прекршочни одредби доколку со друг начин не може да се почитуваат препораките на народниот правобранител – појасни Селами.

Фатон Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање.

Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.

Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор во согласност со Законот и процедурите на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД ќе вложат 1,6 милијарди долари во рударска компанија за ретки земји
Следна Статија Технолошки гиганти се подготвуваат за извештаите за четвртиот квартал: Анализа на Apple, Microsoft, Tesla и Meta

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години

Радарот на Скопскиот аеродром утрово повторно е ставен во функција и проблемот е решен за само три дена. Сите безбедносни…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Храброста на нашите колеги е пример за идните генерации“, порачаа од ЕБР на Денот на Единицата

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска одбележува 24 години од своето формирање, а припадниците на оваа единица потсетија дека не…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?