Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новоизградените шанкови и галерии во 2024, ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс“, сведочеше вештакот Марковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Новоизградените шанкови и галерии во 2024, ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс“, сведочеше вештакот Марковски
Blog

Новоизградените шанкови и галерии во 2024, ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс“, сведочеше вештакот Марковски

Објавено July 13, 2026 15:27
Сподели
Сподели

Доградбите и измените направени во дискотеката „Пулс“ во Кочани во текот на 2024 година дополнително ја отежнувале можноста за брза евакуација на гостите во случај на опасност, посочи градежниот вештак Горан Марковски на денешното рочиште за трагичниот пожар во кој загинаа 63 лица.

Марковски, кој е дел од тимот вештаци ангажирани за анализа на причините за пожарот, пред судот објасни дека новоизградените шанкови и галерии влијаеле врз организацијата на просторот и движењето на луѓето во објектот.

Според него, при реконструкцијата на дискотеката не била земена предвид безбедноста на посетителите, ниту биле применети стандарди кои се задолжителни за објекти во кои престојуваат голем број луѓе.

Вештакот повтори дека во „Пулс“ биле утврдени сериозни пропусти во однос на противпожарната заштита, а објектот не ги исполнувал условите кои би овозможиле навремено напуштање на просторот и спасување на гостите.

„Кога се работи за објекти како дискотеки, каде во еден момент може да има стотици луѓе, секој елемент во просторот мора да биде планиран со цел да овозможи безбедна евакуација“, посочи Марковски.

На рочиштето продолжи презентацијата на градежното вештачење, со кое Обвинителството треба да ги поткрепи наодите за причините и околностите што доведоа до пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. За трагедијата се обвинети 34 лица.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе
Следна Статија Повеќе од македонскиот буџет: НФЛ шампионот Сиетл продаден за 9,6 милијарди долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Македонските работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува…

March 11, 2025
Blog

Потрес во светот на модата: Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра

Италијанската модна куќа Прада денеска објави дека склучила „дефинитивен договор“ со американската групација Капри Холдингс за 100% преземање на легендарниот…

April 10, 2025
Blog

5 прашања, 5 одговори: Семинолите повторно самите си нанесоа пораз против NC State

Анализа на предизвикот и научените лекции од натпреварот

November 23, 2025
Blog

(ВИДЕО) Бил Гејтс: На децата ќе им оставам 1% од богатството, сакам сами да се изборат

Иако е еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс не планира своето богатство да го пренесе на своите деца.…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?