Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија
ЗДРАВЈЕ

Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија

Објавено September 13, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Поради околинските чинители, меѓу кои еден од најважните е аерозагадувањето, стареењето на мозоците во Македонија е повеќекратно забрзано, што пак води до зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест, рече ко-претседателот на зелената партија ДОМ, проф. д-р Антони Новотни, во изјава за телевизија Канал 5.

„Во Македонија гледаме млади и продуктивни луѓе со само 50 години кои веќе имаат знаци на деменција – нешто што е неколку пати повеќе од европскиот просек. Овие разлики треба да не’ загрижат да застанеме во еден фронт за зелена иднина која што треба да ја направиме. Животот е наш, на граѓаните, а не на една или друга политичка опција“, истакна проф. д-р Новотни.

Истражувањата покажуваат дека загадувањето има погубно влијание уште во утробата на мајката, а најкритични се првите години од развојот на детето.

„Загадениот воздух е причинител за сериозни невролошки и психолошки промени, вклучително и анксиозност, депресивни растројства и суицидни намери кај младите“, појасни во изјавата ко-претседателот на ДОМ, проф. д-р Антони Новотни.

Зелената партија ДОМ оценува дека овие податоци не смеат да бидат занемарени и затоа на претстојните локални избори, како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ ќе ја стави борбата против загадувањето и заштитата на здравјето во прв план. Станува збор за најважната битка – за живот, за иднината на младите генерации и за градови во кои воздухот повеќе нема да убива.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла
Следна Статија Албанија оди напред: Отвора уште еден кластер во преговорите за влез во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад.…

September 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на uslugi.gov.mk

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Dove гелот за туширање повлечен од пазарот

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи што се пласирани на единствениот пазар на ЕУ, ги информира…

August 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ставајте крем за сончање и за низ град, советуваат дерматолозите

Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?