Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД
СВЕТ

Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД

Објавено May 23, 2026 13:15
Сподели
Сподели

Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од територијата на САД, согласно новото правило на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата ДПА.

Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС) вчера соопшти дека отсега секој странски државјанин кој престојува привремено во САД, а сака да добие „Зелена карта“, ќе мора да се врати во својата матична земја за да поднесе барање, освен во вонредни и исклучителни околности.

Досегашната пракса им овозможуваше на странците, вклучувајќи ги туристите и студентите, под одредени услови да аплицираат за постојан престој додека се наоѓаат во САД.

Според „Вашингтон пост“, повеќе од половина од одобрените „Зелени карти“ на годишно ниво досега се издавале токму преку оваа процедура.

Од американската имиграциска служба потенцираат дека неимигрантите, како што се студентите, привремените работници или туристите, доаѓаат во САД на кус рок и со специфична цел. Нивниот систем е дизајниран тие да ја напуштат земјата по завршувањето на посетата, која не треба да се користи како прв чекор во процесот за добивање постојан престој.

Надлежните уверуваат дека со оваа промена ќе се ослободат ограничените ресурси на службата, кои ќе се насочат кон обработка на други приоритетни предмети, како што се визите за жртви на насилен криминал и трговија со луѓе, како и барањата за натурализација. Откако Доналд Трамп минатата година стапи на функцијата претседател на САД за втор мандат, Вашингтон значително ја заостри својата миграциска и гранична политика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одземена дозволата на фирма за брзи кредити, но министерството не го открива името
Следна Статија АД ЕСМ: Преку викенд набавки на електрична енергија по негативни цени, компанијата инкасираше околу 50.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Напредок во воените разговори, но политичките прашања остануваат тешки, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дводневните разговори со Русија во Женева, одржани со посредство на САД, донеле мешани резултати…

February 18, 2026
СВЕТ

Тензично во Естонија: Се подготвуваме за војна со Русија, но не им се плашиме (ВИДЕО)

И покрај предупредувањата од Финска дека Русија би можела да ги нападне Скандинавија и Балтичките земји во блиска иднина, Естонците…

August 24, 2025
СВЕТ

Убиецот на Чарли Кирк го призна злосторството на платформата Дискорд

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, ја презеде одговорноста за злосторството на платформата за пораки Дискорд…

September 16, 2025
СВЕТ

Затвореници избегале од затвор во Њу Орлеанс низ дупка зад тоалетна школка/ВИДЕО

Десет затвореници, кои се сметаат за „вооружени и опасни“, избегале од затвор во Њу Орлеанс во петокот наутро, а се…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?