Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПУЛС: Од продавница во Кисела Вода биле легално купувани прскалките на ДНК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПУЛС: Од продавница во Кисела Вода биле легално купувани прскалките на ДНК
ХРОНИКА

НОВО РОЧИШТЕ ЗА ПУЛС: Од продавница во Кисела Вода биле легално купувани прскалките на ДНК

Објавено March 5, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Васко Спасовски, ПР и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, тврдејќи дека од Денис Даутовски, поранешен тур-менаџер на бендот, дознал дека токму тој бил задолжен за активација на пиротехничките прскалки пред да замине за Германија, три до четири месеци пред трагедијата.

Сведокот изјави дека бил означен на Инстаграм профилот на ДНК како менаџер за ПР и букинг некаде три до четири месеци пред кобниот настан, но дека до официјална соработка со бендот никогаш не дошло. Истакна дека во деловна смисла неговата улога подразбирала единствено договарање термини и испраќање промо-материјали, а не организација на самите настапи.

Опишувајќи ги членовите на бендот, Васко изјави дека Панчо бил „мотор на бендот”, дека без него ДНК не би опстоел дваесет години, додека Филип, клавијатуристот, бил задолжен за музичко-техничките аспекти, пробите и репертоарот. За Мартин Атанасовски – Буцо изјави дека бил „бит-боксер” со точка од минута до две на бина, кого Андреј или Панчо го повикувале на половина од настапот, а меѓу неговите задолженија биле и снимањето и објавувањето содржини на социјалните мрежи.

По прашањата за поранешниот тур-менаџер Денис Даутовски, кој соработувал со ДНК седум до осум години и бил близок пријател на Панчо, сведокот посочи дека Денис престанал да соработува со ДНК три до четири месеци пред трагедијата, бидејќи, како што рече, се преселил во Германија.

– Денис престана да соработува со ДНК три до четири месеци пред трагедијата, се пресели во Германија каде што доби работа според неговото образование. Тој претходно работеше со ДНК 7 или 8 години, беа блиски со Панчо, се дружеа приватно. Тој одеше на сите настапи и беше задолжен како „тур-менаџер” – каде ќе се пресоблечат, каде ќе спијат, каде ќе јадат и тн. Тој не е музичар, рече Спасовски.

Сведокот додаде дека по трагедијата се слушнал со Даутовски, кој му соопштил дека пиротехничките средства биле купени легално од продавница во Кисела Вода и дека никогаш порано, додека тој бил задолжен за прскалките, не се случил инцидент.

На прашањето кој ја презел улогата на Даутовски за активација на пиротехниката, сведокот истакна дека негова претпоставка е дека тоа може да е Мартин Атанасовски – Буцо, бидејќи „нема кој друг да го има тоа задолжение со оглед на фактот дека сите други прават нешто друго – свират, пејат“.

Сведокот потврди дека не бил присутен на кобната вечер, туку бил дома и дека дознал за трагедијата преку принтскрин од кочански портал, споделен од пријател во околу четири часот наутро. Утрото, додаде, во седум часот пристигнал во Кочани заедно со продуцентот на песните на ДНК барајќи информации за Панчо, Андреј и останатите членови на бендот.

На прашањата во врска со сопственикот на „Пулс”, Дејан Јованов, Васко изјави дека единствено за него знаел дека е газда на клубот и дека никогаш не му биле нудени писмени договори, ниту му биле укажувани безбедносни аспекти при организацијата на настапите.

На крајот од денешната главна расправа, од страна на Обвинителството беше посочено дека дел од сведоците ќе бидат повлечени, како и дека ќе биде повикан Денис Даутовски да сведочи во постапката со оглед на новите околности од сведочењата. За следното судско рочиште закажано за 9 март треба да сведочат петмина сведоци по предлог на Обвинителството.

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, се одвива пред Кривичниот суд во Скопје. На обвинителна клупа се наоѓаат 34 физички и 3 правни лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Can ‘friction-maxxing’ fix your focus? – BBC
Следна Статија Poll: Are You Happy with Your PS Plus Essential Games for March 2026? – Push Square

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна млада жена од прилепско, заминала со автомобил и повеќе нема трага од неа

Апел за помош за пронаоѓање на млада жена жена од прилепско се шири на социјалните мрежи. Луѓе мои помагајте Ве…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Нападот на Раде Штекли беше најавен на ТикТок: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат

Нападот со бомба на Раде Штекли беше најавен на социјалната мрежа на ТикТот. Имено, на ТикТок како најава е објавено…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Три лица вчера беа уапсени во Струмица, а автомобилот бил полн со дрога. Според полицијата постоел план за нејзино изнесување…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Исчезнатиот кавадарчанец е пронајден мртов

Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Вчера во 10 часот во ОВР…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?