Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново рочиште на 15 септември: Одбиен предлогот за спојување на постапките во „Адитив“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ново рочиште на 15 септември: Одбиен предлогот за спојување на постапките во „Адитив“
МАКЕДОНИЈА

Ново рочиште на 15 септември: Одбиен предлогот за спојување на постапките во „Адитив“

Објавено September 2, 2025 18:29
Сподели
Сподели

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба.

Согласно одлуката, Случајот „Адитив“ сега ќе се води преку две одвоени постапки.

Првиот предмет опфаќа над 30 физички и правни лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Вториот предмет во кој е и поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, е оформен како продолжение на истрагата, со обвинителен акт против едно лице (Б.Н.) и обвинителен предлог против Димитриевска и уште двајца (Б.П.М. и М.С.) за кривично дело „оддавање службена тајна“.

Одлучувајќи по денешниот предлог на обвинителството за спојување на постапките, Судот оцени дека предметите се различно оформени, со различен број обвинети и степен на подготвеност, што не дозволува нивно спојување без да се наруши економичноста и правата на обвинетите.

-Не постојат услови за спојување на постапката, токму поради тоа обвинетите за кои е поднесен обвинителен предлог да не бидат изложени на долготрајно судење, рече судијката Лидија Петровска.

Обвинителството, пак, го бранеше предлогот за спојување со аргумент дека постои меѓусебна врска меѓу кривичните дела и заеднички докази, но, судот остана на ставот дека раздвоените постапки се поцелисходни.

Судењето за предметот „Адитив“ во кое се опфатени над 30 физички и правни лица за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра, продолжува на 15 септември. Додека, за вториот предмет ќе биде дополнително утврдено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинар
Следна Статија До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Санкционирани 106 субјекти од УЈП за неполна недела

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација,…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шилегов денеска ќе каже кој во СДСМ е по психотропните супстанци

Петре Шилегов во живо на телевизиска емисија дозна дека ќе биде исклучен од членство во СДСМ поради тоа што рече…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Крстовден – ден за строг пост и поклон пред светиот крст на верата

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?