Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски
Blog

Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски

Објавено March 2, 2025 10:58
Сподели
Сподели

По расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, норвешката компанија за гориво „Haltbakk Bunkers“ објави дека ќе престане да доставува гориво за американскиот воен персонал стационирано во Норвешка и американските бродови што пристигнуваат во пристаништата во земјата.

„Решивме веднаш да ги прекинеме нашите активности како снабдувач со гориво за американските сили во Норвешка и нивните бродови кои пристигнуваат во норвешките пристаништа. Нема гориво за Американците“, се вели во соопштението на компанијата објавено во саботата во платформата X.

Од „Haltbakk Bunkers“, исто така, ги повикуваат сите норвешки и европски компании да го сторат истото и пораката ја придружуваше со проукраински слоган.

Извршниот директор на компанијата Гунар Гран, исто така, даде интервју за норвешкиот поморски информативен портал Kystens Næringsliv, во кое рече дека мерките ќе останат на сила „сѐ додека Трамп остане на функцијата“.

„Како што веројатно можете да замислите, ниту еден литар нема да биде испорачан додека не биде завршено со Трамп“, рече тој, додавајќи дека фирмата „има морален компас“.

Инаку Норвешка, најголем производител на нафта и гас во Европа, се споменуваше како земјата чијашто воена морнарица беше наведена како изведувач на експлозиите со кои есента 2022 година беа кренати во воздух четирите цевководи на од двата гасовода Северен тек во во Балтичкото Море со што беше прекината испораката на евтин руски гас за Германија и Европа.

Познатиот и наградуван американски истражувачки новинар Сејмур Херш набрзо по експлозиите, повикувајќи се на извори во американското разузнавање објави напис во кој прецизно наведува дати, личности, локации и опрема, и тврди дека зад експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 стои администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Според Херш, по деветмесечно планирање американските служби ги искористиле поморските вежби „Baltops“ на НАТО во јуни 2022-ра во Балтичкото Море да ги постават експлозивните направи кои три месеца подоцна ги активирала воената морнарица на Норвешка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој едноставен напиток ќе ви помогне да ги ублажите симптомите на грип и респираторни инфекции
Следна Статија Пејсмејкерот на Хекман престанал да работи 9 дена пред да биде пронајден мртов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Епл од Мајкрософт ја загуби титулата на највредна компанија

Технолошкиот гигант Епл повеќе не е највредна компанија во светот, откако Мајкрософт вчера ја престигна, бидејќи инвеститорите реагираат на стравувањата…

April 9, 2025
Blog

K-15 – Тошо на грчка граница

Легендите кои секогаш успеваа да не насмеат!

February 10, 2025

What to Expect From the iPhone 17e Launching in March 2026 – MacRumors

We've got just over a week to go until Apple's "Special Experience" on March 4, and we're expecting to see…

February 28, 2026
Blog

(ФОТО) Иванка Трамп инвестира 1, 4 милијарди долари во остров во Албанија – ќе биде дестинација за богатите

Иванка, 43, и Кушнер, 44, наводно, изминатата година работеле на планови за трансформирање на албанскиот остров Сазан, еден од последните…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?