Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско
ХРОНИКА

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско

Објавено November 8, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во близина на Стрежево на 1 ноември организираа и учествуваа во борби со кучиња.

Тие ќе одговараат за кривично дело „убивање и мачење животни“ согласно член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување. Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата „пит бул”, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок, информира денеска Јавното обвинителство на Македонија.

Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани, а доколку двајцата странски државјани кои се во бегство, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи да им се суди во отсуство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За многу години: Денеска е Митровден
Следна Статија Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Амбасадорката на Израел во Македонија објави видеоснимка од обидот да се запали синагогата во Скопје

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видеоснимка од обидот да се запали синагогата во Скопје. „Длабоко вознемирувачки антисемитски…

April 13, 2026
ХРОНИКА

Кумот Гоце конечно ќе сведочи за потрагата по Вања

На следното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски конечно како сведок ќе се појави Гоце Трајковски, стариот…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Пијан удрил во „опел“, во рампа на автобуската станица, па во паркиран авомобил: уапсен велешанец

На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Загина маж, откако паднал и бил прегазен од тракторот

На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?