Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
ХРОНИКА

Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Објавено September 17, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот во заминување, Рамиз Мерко, за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Обвинителството, осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн  Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, иако обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга, се вели во соопштението од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум
Следна Статија Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Силувана е малолетничка, приведен 15-годишник

На 28.02.2026 во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник,…

March 1, 2026
ХРОНИКА

Жител од тетовско отишол на средба со девојка, го пречекале со автоматска пушка

„Денеска (20.03) во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, тетовско, пријавил дека претходниот ден околу 18:10 часот откако пристигнал во…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Скандал во комедијата: Comedian Corey Holcomb осуден за насилство врз друг comedian

Шокантен настан во Холивуд каде comedian Corey Holcomb е снимен како физички напаѓа друг comedian, предизвикувајќи сериозни прашања за безбедноста…

January 24, 2026
ХРОНИКА

Затвореник починал на скопска клиника

Денеска (02.08.2025) во 01:20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив за укажување помош од КПД…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?