Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
ХРОНИКА

Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Објавено September 17, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот во заминување, Рамиз Мерко, за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Обвинителството, осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн  Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, иако обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга, се вели во соопштението од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум
Следна Статија Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

За 250 евра, во кутија со колачи Васил кој ја прегази Фросина добил мобилен во „Шутка“

Возачот кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а…

February 2, 2025
ХРОНИКА

„Таткото на Вања го информирал Палевски дека девојчето само ќе оди на училиште“ – тврди Обвинителството

„Обвинетите заслужуваат не само правна, туку и морална осуда бидејќи се работи за убиство на дете. Обвинетите сковале план да…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Почина музичкиот автор и продуцент Тоше Поп-Симонов

Денеска почина познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов. Вестта за смртта на на социјалните мрежи ја сподели неговиот…

April 19, 2025
ХРОНИКА

Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ги убие сопругата и двете ќерки, полицијата нашла пушка и 70 куршуми

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење,…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?