Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителката Ристоска: ,,Талир 2″ ми беше одземен за да се спаси седиштето и имотот на ВМРО-ДПМНЕ од конфискација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителката Ристоска: ,,Талир 2″ ми беше одземен за да се спаси седиштето и имотот на ВМРО-ДПМНЕ од конфискација
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Ристоска: ,,Талир 2″ ми беше одземен за да се спаси седиштето и имотот на ВМРО-ДПМНЕ од конфискација

Објавено July 15, 2026 23:07
Сподели
Сподели
Обвинителката Ленче Ристоска реагира по вчерашната објава на ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот ,,Талир 2″.

Ристоска до неодамна беше предметен обвинител за овој случеј, за кој ја водеше и истрагата. Ја споделуваме нејзината реакција во целост:

-Во врска со вчерашната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2″ и одбиеното барање за конфискација, како обвинител кој го започна и седум ипол години го застапуваше предметот, сакам да појаснам одредени суштински околности што не беа опфатени во јавно објавеното соопштение на судот.

Во првата постапка, врз истиот доказен материјал, судот донесе осудителна пресуда за умислено дело — што подразбира дека доказите за целта и намерата со која обвинетите делувале беа дел од предметот и водеа до осуда. Токму затоа тешко се одржува сегашната констатација дека немало докази за намерата: истиот доказен материјал веќе ја адресираше целта заради која обвинетите ги презеле дејствијата, односно намерата со која делувале и за неа стана збор уште во првичното обвинение.

Понатаму, факт е дека во меѓувреме беше изменет КЗ и овие измени имаа импакт на предметот. Со оглед дека обвинителството не е врзано со првобитната квалификација и опис на дејствијата на извршување и во текот на целата постапка може да предлага друга квалификација и да прави модификации на описот на обвинението кои одговараат на фактичката состојба што произлегува од доказите, во овој предмет беше изменето обвинението. Изменетото обвинение содржеше и дејствие на извршување коешто не постоеше во првичната верзија — обврската на Груевски, како претседател на партијата, да ги врати примените средства од Бетон во Буџетот и да ја надомести разликата од вредноста на објектот наспроти реалната вредност на земјиштето, токму поради несразмерот што судот веќе еднаш го утврди во претходната пресуда. Ова дејствие директно одговара на измените на Кривичниот законик, бидејќи се однесува на неизвршување обврска пропишана во Законот за финансирање на политичките партии, а овој облик не беше засегнат од декриминализацијата и одговорноста по членот 353 опстојува, особено ако се имаат предвид доказите дека имотот и користа завршила кај политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Притоа судот експлицитно наведува дека доказите останале исти како во првата постапка, дека својата анализа и оцена на тие докази ги задржал непроменети и дека останал „конзистентен во одлучувањето”. Но од истиот тој доказен материјал, со иста оцена, судот еднаш изведе осудителна пресуда, а сега ослободителна. Ако ниту доказите, ниту нивната оцена не се променети, останува прашањето како истата доказна основа води до два спротивни исхода — објаснувањето дека сето тоа е последица само на измените на КЗ не ја отстранува оваа противречност, бидејќи измената на законскиот опис не менува што докажуваат доказите. Ова особено за делот од обвинението кој се однесува на законската обврска на Груевски по Законот за финансирање на политички партии, кој во образложението што судот јавно го објави воопшто не е спомнат.

Дополнително, предметот навлегува во завршна фаза на застареност во август годинава. Тоа значи дека дури и во случај на жалба, Апелациониот суд реално нема доволно време мериторно да одлучи пред да настапи застареност. Конфискацијата на имот е можна кога кривичното гонење ќе застари, но не е можна по правосилна ослободителна пресуда. Затоа ваквиот тек на настаните му ја отежнува можноста на обвинителството да бара конфискација во посебна постапка, при првостепена ослободителна пресуда, и клучно е прашањето дали ќе следи жалба од обвинителството и дали во фаза на жалбена постапка ќе се бара од Апелациониот суд да се произнесе по однос на конфискацијата, иако кривичното дело ќе биде застарено.

На крај, споделувам и еден процесен детал за кој се пишуваше во медиумите: на едно од последните рочишта, застапниците на ВМРО-ДПМНЕ побарале одлагање поради нивно отсуство, иако присуството не им е законски задолжително. На ваквото барање обвинителството не се спротивставило, а судот по службена должност не реагирал и рочиштето било одложено. Сите овие настани и одлагања придонесоа предметот да влезе во ваков временски интервал и целата постапка да заврши само со првостепена одлука, без да се даде доволна временска рамка на Апелациониот суд мериторно да се произнесе.

Ваквата контекстуална состојба — пресуда спротивна на првичната, дел од обвинението кој не е адресиран во јавното соопштение на судот, временскиот интервал во кој се носи одлуката и времето кога истекува рокот на застареност — ме наведуваат на заклучок дека единствена цел на ваквото постапување е отежнување на понатамошната постапка за конфискација на имотот. Затоа и мислам дека осудата на Груевски во овој случај е од секундарен интерес за ВМРО-ДПМНЕ — кривичниот прогон така или онака ќе застареше. Она што е суштинско е дека имотот што го стекна партијата е директна последица на дејствијата на Груевски утврдени во постапката. Токму поради тоа, исходот на кривичниот дел и судбината на имотот не можат да се гледаат одвоено: со ослободителна пресуда отпаѓа и основата за конфискација во кривичната постапка. Наративот дека пресудата во едниот дел е праведна, а во другиот само последица на измените на КЗ, ги раздвојува двете работи што правно се неразделни.

Сите овие околности и ваквиот тек на работите, за мене како да го потврдува моето уверување дека овој предмет ми беше одземен за да можат заинтересираните страни да стасаат до посакуваниот исход, а тоа е избегнување на конфискацијата. Во насока на конзистентност на постапувањето и разјаснување на сите дилеми, очекувам да следи жалба од обвинителството, вели Ристоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца мртви во тешка сообраќајка на Халкидики: Загинаа татко, мајка и бебе
Следна Статија Аргентина ја елиминира Англија – ќе игра во финалето на Светското првенство против Шпанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен денеска во Скопје поради протест, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Како…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред Собранието

Собранието утре во рамки на 54. седница треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство.…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?