Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството бара притвор за возачот од Косово за трагедијата на скопската обиколница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството бара притвор за возачот од Косово за трагедијата на скопската обиколница
ХРОНИКА

Обвинителството бара притвор за возачот од Косово за трагедијата на скопската обиколница

Објавено May 23, 2026 14:06
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство отвори истрага за сообраќајната несреќа на скопската обиколница, меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, во која загинаа 20-годишните Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, како и 51-годишниот оперски баритон Ристе Велков, татко на Адам Велков.

Осомничен е косовскиот државјанин Б.Б. (76), кој управувал камион „ман“ со полуприколка. Тој се сомничи за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Според Обвинителството, осомничениот се движел по северната обиколница на Скопје во насока од запад кон исток, но не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Кога се доближил до клучката Мирковци, тој не ја приспособил брзината на движење според условите на патот, густината на сообраќајот и другите околности, поради што не можел навреме да го запре возилото пред пречка што можел да ја предвиди.

Во еден момент изгубил контрола над камионот, свртел налево, ја пробил металната одбојна ограда и продолжил да се движи, преминувајќи на коловозот на автопатот наменет за возила од спротивната насока. Таму, со предната страна од камионот, удрил во автомобил „бмв“ што се движел од исток кон запад.

По ударот, како што е познато, автомобилот и камионот се запалиле.

Од Обвинителството соопштија дека, поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
Следна Статија Хрватите ја присвоија српската слава како хрватско културно наследство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Баба влегла кај внукот на час и недолично се однесувала

Во деветтолетка во Прилеп вчера баба влегла кај внукот среде час и недолично се однесувала кон него. „На 16.10.2024 во…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во езерце во Струмица

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Според полицијата,…

December 24, 2025
ХРОНИКА

Апсење за сомнителни тендери во прилепската болница, проневера од неколку милиони денари

Финансиска полиција уапсила едно лице во врска со предмет поврзан со ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Како што…

May 29, 2025
ХРОНИКА

Се трага по Симона Стојкова, доколку ја видите – веднаш пријавете!

Македонија трага по девојка по име Симона Стојкова. Се работи за 35-годишна жена со кафеава коса и кафеави очи. Висока…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?