Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Објавено May 24, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.

Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка .

„Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од Обвинителството.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска претходно на прес-конференција информираа дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Според обвинението, 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ ја освои 100. титула во кариерата
Следна Статија Русија започнува бесплатна вакцинација на населението против рак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вандализиран споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје

Споменикот на децата бегалци во паркот Жена Борец во центарот на Скопје повторно е вандализиран и целосно уништен од непознати…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на важни средби во Вашингтон: Лобираме за македонските интереси!

За време на посетата на САД, во Вашингтон, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

МРТВ со „солено“ мени за состанок со ЕБУ: Сирење од 100 евра килограм, морска храна со школки, ракчиња, арборио ориз со шафран…

Македонската радио-телевизија (МРТВ) организира високобуџетна вечера за гостите од Европската радиодифузна Унија (ЕБУ), на која е предвидено да се потрошат илјадници евра…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?