Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир
ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Објавено June 3, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење.

„Објектот почнал да се гради 2024 година, без одобрение и на државно земјиште, на улицата Кемал Сејфула во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност По+П+6+Пк наменети за продажба“, соопшти Обвинителството.

По наредба на јавен обвинител, овластен судски вештак од областа на градежништвото констатирал моментна фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно бетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрумот до шестиот кат, како и ѕидање надворешни и внатрешни ѕидови со блок-тула.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за изведување градежни работи на објектот дивоградба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција
Следна Статија Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал, според Еуростат, e 3,2%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кумановец крвнички ја претепал сопругата, и скршил три ребра

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. Како…

March 25, 2026
ХРОНИКА

Тошковски: Анакиев е фатен на дело со обележани пари

Притворениот директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, поднел жалба за мерката притвор откако, според полицијата и Обвинителството, беше…

March 24, 2026
ХРОНИКА

Голем пожар беснее кај Струмица

Локалните медиуми јавуваат дека голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Меѓународна потерница за осомничениот за убиството на армискиот офицер во Батинци

Муса Џавит кој минатата недела уби војник на АРМ во скопско Батинци најверојатно побегнал од земјава објави телевизија 24.мк Од…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?