Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир
ХРОНИКА

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

Објавено June 3, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење.

„Објектот почнал да се гради 2024 година, без одобрение и на државно земјиште, на улицата Кемал Сејфула во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност По+П+6+Пк наменети за продажба“, соопшти Обвинителството.

По наредба на јавен обвинител, овластен судски вештак од областа на градежништвото констатирал моментна фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно бетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрумот до шестиот кат, како и ѕидање надворешни и внатрешни ѕидови со блок-тула.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за изведување градежни работи на објектот дивоградба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна холандската влада поради несогласувања за плановите за миграција
Следна Статија Мицкоски: Реалниот раст на БДП во првиот квартал, според Еуростат, e 3,2%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од ОАЕ во нашата земја

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување…

February 20, 2026
ХРОНИКА

По пет години затвор добија турските државјани кои помагаа во извршување на убиство во Штип

Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години казна затвор, бидејќи во мај 2025 година…

February 26, 2026
ХРОНИКА

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите

Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт на фирмата Ремзи Мифтари кои се правосилно осудени на десет…

October 2, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?