Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола

Објавено April 22, 2025 09:40
Сподели
Сподели

Обвинителството отвори случај за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, односно дали тоа се врши според прописите, согласно еколошката дозвола. 

Ова доаѓа откако жителите од овој регион по социјалните медиуми почнаа да објавуваат фотографии од огромен облак од прашина околу РЕК Битола.

Обвинителството на овој случај работи заедно со Државниот инспекторат за животна средина, од каде се вршат испитувањата. Откако Државниот инспекторат за животна средина ќе го заврши целосниот извештај, Обвинителството ќе донесе одлука во врска со овој случај.

„ОЈО Битола издаде наредба до СВР Битола за увид на лице место и утврдување факти за евентуално постоење на кривично дело кое се гони по службена должност. Државниот инспекторат за заштита на животната средина изврши вонреден инспекциски надзор, при што веќе беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина на одлагалиштето за пепел“, соопштија од ОЈО Битола.

Станува збор за токсична и радиоактивна пепел што се добива при процесот на производство на електрична енергија, која треба да се одлага во касети и да се затрупува со земја. Но, посебно при ветровито време, таа се разнесува низ воздухот, а оваа појава е видлива и од Битола.

Во РЕК Битола веќе се работи на отстранување на пепелта која не е соодветно депонирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер
Следна Статија Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Села си ја врати „Алијанса“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека врз основа на донесената одлука од…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин тврди дека само доцнел со уплатите за експлоатација на минерални суровини од рудник

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?