Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир
ХРОНИКА

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Објавено May 11, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.

Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента.

Од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност
Следна Статија Реал Мадрид подготвува нов договор за Винисиус: Бразилецот ќе остане до 2030 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од…

January 1, 2026
ХРОНИКА

Полицијата трага по 26-годишна скопјанка

На 08.01.2025 во 19.30 часот во Полициското одделение Сарај, А.Ф.(33) од с.Чајлане, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата…

January 9, 2025
ХРОНИКА

Возеле пијани во Делчево и Кавадарци, па полицијата ги уапсила

На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода…

June 29, 2025
ХРОНИКА

Почина познатиот македонски угостител: Беше газда на познатиот ресторан и пицерија СКАР

Со неизмерна тага ве известуваме дека на 01.05 почина нашиот почитуван крушевчанец, управител, сопственик на ресторан и пицерија ,,Скар”, член…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?