Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството ќе истражува дали има пропусти кај социјалните работници за случајот во Карпош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството ќе истражува дали има пропусти кај социјалните работници за случајот во Карпош
ХРОНИКА

Обвинителството ќе истражува дали има пропусти кај социјалните работници за случајот во Карпош

Објавено March 6, 2026 19:00
Сподели
Сподели

Јавното обвинителство отвори предмет за да го испита постапувањето на Центарот за социјални работи во случајот со Ивана и малата Катја Јовановска, откако во јавноста се појавија информации дека институциите можеби не реагирале соодветно и покрај пријавите за семејно насилство.

Од Обвинителството соопштија дека предметот е оформен по допрен глас, врз основа на медиумски информации за утврдени неправилности при инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.

„Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје“, соопштија од институцијата.

Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе проверки за да утврди дали евентуалните пропусти во постапувањето на институциите содржат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Според информациите објавени во медиумите, Ивана и Катја претходно биле нападнати во болница од Стојанче, по што социјални работници излегле на терен. Сепак, случајот не добил епилог што би спречил понатамошно насилство.

Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради сомнежите дека институциите не реагирале навреме и дека системот повторно потфрлил во заштитата на жртвите на семејно насилство.

Невладини организации со години предупредуваат на пропусти во работата на социјалните служби и на потребата од поефикасна институционална реакција во вакви случаи.

Според последниот инспекциски надзор на Министерството за труд и социјална политика, биле утврдени неправилности во водењето на предметот за Ивана и Катја, кои трагично ги загубија животите по пад од балкон во скопската населба Карпош.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска
Следна Статија Унгарија ќе протера седум украински државјани уапсени при транспорт на готовина и злато

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

БЈБ и Царина спречија меѓународен шверц: Двајца приведени на ГП „Богородица“ фатени со 188 килограми марихуанa

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР  и на Царинската управа, вчера (12.02.2025) на граничен премин Богородица…

February 13, 2025
ХРОНИКА

Уапсен чаирчанецот кој утрово пукаше од возилото

Денеска околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.„Цветан Димов“ во населба Чаир,…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Возеле пијани во Делчево и Кавадарци, па полицијата ги уапсила

На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?