Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителство: Шоферот на Заев со запален факел се обидел да предизвика голема имотна штета, претходно се заканувал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителство: Шоферот на Заев со запален факел се обидел да предизвика голема имотна штета, претходно се заканувал
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Шоферот на Заев со запален факел се обидел да предизвика голема имотна штета, претходно се заканувал

Објавено July 29, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча се обидел да подметне пожар и да предизвика поголема имотна штета. Со запален факел од хартија и текстил ги запалил гредите на натстрешницата, кои започнале да чадат и да горат. Со тоа предизвикал ризик од пожар не само на објектот, туку и на повеќе други викенд-куќи и на нискостеблеста и високостеблеста вегетација во непосредна близина, соопшти Обвинителството.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори односно да го доврши делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските
Следна Статија Македонија ќе отвора генерален конзулат во Корча

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сточарот Јетмир најде телефон изгубен пред четири години на Солунска глава, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски и Лафчиски положија свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници кај Вејце

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Нулта толеранција за насилството во каква било форма, вклучително и она во дигиталниот свет

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гужва на Блаце – пренасочен товарниот сообраќај

Денеска во 15.10 часот кај бензиска пумпа Дизел Петрол товарниот сообраќај е пренасочен према ГП Блаце поради гужва на преминот,…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?