Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обезбедени прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Обезбедени прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
Blog

Обезбедени прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Објавено July 17, 2025 16:43
Сподели
Сподели

Владата на Република Македонија денес потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL, во вкупна вредност од 1.000.000 евра.

Оваа иницијатива е дел од заложбите за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на последиците од аерозагадувањето, особено во јавните објекти во кои престојуваат најосетливите категории на граѓани, децата и младите. Прочистувачите на воздух ќе бидат инсталирани во основни и средни училишта, градинки и други јавни институции на територијата на 49 општини, идентификувани како најзагрозени според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот за периодот 2022–2024 година.

Прочистувачите од брендот MANN+HUMMEL претставуваат мобилни системи со висока ефикасност, дизајнирани за елиминирање до 99.995% од вируси, бактерии и микроорганизми, благодарение на сертифицирани HEPA H14 филтри според стандардите EN 1822 и ISO 29463. Овие уреди се наменети за употреба во училници, градинки, медицински ординации, болници и канцеларии, каде што овозможуваат континуирана циркулација на прочистен воздух и значително ја намалуваат можноста за ширење на зарази.

Анализата на податоците покажува дека суспендираните честички PM10 и PM2.5 претставуваат најкритична загадувачка супстанца, со измерени концентрации што и понатаму ги надминуваат пропишаните гранични вредности за заштита на човековото здравје. Сепак, благодарение на мерките преземени од институциите на централно и локално ниво, се забележува позитивен тренд на намалување на концентрациите, а на одредени мерни места просечните годишни вредности веќе се под дозволените граници (40 μg/m³).

Владата останува посветена на имплементација на сеопфатната програма за подобрување на квалитетот на воздухот за периодот 2024–2030 година. Успехот на оваа програма зависи од заедничките напори на сите институции, општините и граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија
Следна Статија Пензионер од Скопје, кој беше исчезнат, пронајден во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Самсунг ги промовира новите функции пред лансирањето на Galaxy S26 Ultra

Пред Galaxy Unpacked и лансирањето на Galaxy S26 Ultra, Самсунг најави нова функција која ќе помогне новиот флагмански модел да…

February 19, 2026
Blog

Колку чини храната низ Европа во 2025: Париз најскап, Мадрид најевтин

Цените на основните прехранбени производи во Европа драстично се разликуваат. Во Париз килограм пилешко чини 12 €, додека во Мадрид…

August 2, 2025
Blog

Ворен Бафет се реши на радикален пресврт и предизвика општа паника: „Дали тој знае нешто што ние не знаеме?“

Ворен Бафет, човекот познат по тоа што изјави дека неговиот омилен временски период за чување акции во неговото портфолио е…

November 14, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – сабота, 25 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Денеска ќе се фокусирате на изградба на стабилна самодоверба и на уживање во вашите…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?