Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата
МАКЕДОНИЈА

Обид за опожарување на објектот на заедницата и синагогата

Објавено April 12, 2026 20:03
Сподели
Сподели

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

-На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит. Еврејеската заедница како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво. Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество, се вели во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.

Со особена загриженост, се вели во известувањето, констатираме дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток.

Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.

-Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера. Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат. Апелираме до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите. Но уште поважно, апелираме до совеста на општеството – да не дозволиме омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата, се вели во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност
Следна Статија Joкиќ уште е повреден, Денвер е во проблеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На денешен ден е роден Гоце Делчев: Визионерот на македонската револуционерна борба

Денеска, на 4 февруари, се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вреди пред обединувањето во една партија: Не се појавивме случајно, туку како одговор на потребата на Албанците за промена

ВЛЕН не се појави случајно. Се појави како одговор на потребата на Албанците за промена, за чесно претставување и за…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лим падна сред патека на „Партизанска“

Скопјанка на социјалните мрежи алармира за небезбедноста на патека на најфрекфентниот булевар „Илинденска“. Таа, сподели за случка која се случила…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е роденденот на Методија Андонов – Ченто: Симбол на македонската борба за слобода

На 17 август 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, значајна фигура во македонската историја и прв…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?