Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавени илјадници документи за атентатот врз Мартин Лутер Кинг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Објавени илјадници документи за атентатот врз Мартин Лутер Кинг
СВЕТ

Објавени илјадници документи за атентатот врз Мартин Лутер Кинг

Објавено July 22, 2025 09:37
Сподели
Сподели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објавува повеќе од 230.000 страници класифицирани архиви за атентатот врз Мартин Лутер Кинг во 1968 година, објавија светските агенции.

На 23 јануари, претседателот на САД издаде наредба со која се декласифицирани владините архиви за атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година, како и за атентатите врз неговиот брат Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг во 1968 година.

Објавените 230.000 страници сега ја вклучуваат истрагата на ФБИ, меѓународната потрага по наводниот убиец на Мартин Лутер Кинг, како и сведочењето на еден од неговите соучесници, соопштидиректорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард.

Мартин Лутер Кинг, со години бил предмет на „кампања за дезинформации и надзор“ организирана од тогашниот директор на ФБИ, влијателниот Џ. Едгар Хувер, со цел „да се дискредитира неговиот углед и, генерално, движењето за граѓански права“, се присетија децата на активистот.

Наследниците на Мартин Лутер Кинг не веруваат во вината на Џејмс Ерл Реј, бел сегрегационист, осуден за ова убиство, извршено на 4 април 1968 година во Мемфис, каде што Мартин Лутер Кинг пристигнал за да ги поддржи собирачите на ѓубре што штрајкуваат.

Осудениот убиец Џејмс Ерл Реј почина во 1998 година на 70-годишна возраст во затвор во Нешвил, Тенеси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Патници на лет за Скопје останале заглавени на аеродромот во Истанбул: Повеќе пати променет гејт, исчезнат летот од инфо-таблите, оставени без храна…
Следна Статија Хакери ја искористиле слабата лозинка на работник да „потопат“ 158 години стара британска компанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ги лажеле дека децата им умреле на породувањето, а тие завршиле во странство: Страшна приказна од Романија

Токму пред три децении, околу 30.000 деца од Романија, кои во 1990-тите биле одведени во странство, денес се обидуваат да…

April 26, 2025
СВЕТ

Зеленски пред средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата земја на окупаторите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин следната…

August 9, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Масовен протест за Газа во Сиднеј: Демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до…

August 3, 2025
СВЕТ

Рејтингот на Трамп е најнизок откако тој повторно стана претседател

Поддршката за претседателот Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, бидејќи Американците покажуваат знаци на…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?