Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија
МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија

Објавено August 5, 2025 19:39
Сподели
Сподели

Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси во Собранието ќе треба да ги дострават своите биографии и потребни документи.

Освен што претседателот на Антикорупциска треба да биде државјанин на Македонија, и да има завршено високо образование, условите велат дека треба да поседува и соодветно работно искуство

„Кандидатот треба да има најмалку 10 години работно искуство, од кои најмалку осум години во областите на откривање или спречување на корупцијата, а воедно и да не им е изречена забрана за врешење на професија и во последните 10 години да не бил пратеник или донатор во некоја политичка партија.“

Според процедурата, кандидатите кои ќе ги исполнат условите ќе имаат интервјуа во собранието во комисијата за избори и именувања. Најдобриот кандидат се бира со 80 пратеници и со бадентер.

Државната комисија за спречување на корупцијата остана без својот шеф, Татјана Димитровска откако таа си поднесе оставка во Собранието. Причината беше жестоките реакции во јавноста кои дојдоа по двете обвиненија за неа од Обвинителството и тоа за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Димитровска е дел од случајот „Адетив“ кој се однесува за сомнителна набавка на адетиви за ТЕЦ Неготино и за ЕСМ. Веднаш потоа таа остана и без пасош, а согласно мерките за претпазливост и не смееше да ги врши работни активности во антикорупциска.

Експретседателката на антикорупциска Татјана Димитровска сега е вратена како помошник на главниот државен ревизор, работно место кое и беше во мирување додека таа беше претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гори депонијата во Вардариште
Следна Статија Цените по кафаните во јули повисоки во однос на лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поднесена е иницијатива за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица поради сообраќајната несреќа во која загина малолетник

Денеска до претседателот на Сообранието Африм Гаши пристигна инцијатива за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица Сашко Јанчев од…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” говорејќи околу посетата на САД по повод инаугурацијата…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд да реагира на новиот Предлог-закон за измени на…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?