Летото 2019 година, кога Неа Демократија беше штотуку дојдена на власт во Грција било особено весело на Егејското море. Таму летувале половина од тогашната влада на Заев но и на Кирјакос Мицотакис, премиерот на Грција. Ставрос Цимас, познат грчки новинар и писател опишува што се случувало тоа лето, каде се разбира главна ѕвезда е кој друг туку Зоран Заев.
Маргаритас Шимас, тогашен комесар во ЕУ разбрал дека Заев е Неа Скиони на Касандра и решил да го повика во Фурка на вечера. Заеви почестени веднаш прифатиле.
Тој Шимас, сакал да види каков е ставот на Заев за новата влада во Грција а тоа најдобро се прави со вечера и грчка музика. Од храна имало морски плодови и вино а за музиката била задолжена Зорица Заева која на гостите им пеела песни од Антонис Ремос, нејзин омилен пејач.

Вечерата се случила на 10 август пред седум години, а во еден момент Заев почнал да кажува и шегички.

Заев во шега предложил седница на Владата да се одржи на Касандра, каде што летувале дел од неговите министри, а доколку било потребно да заседава и парламентот, тоа да се случи во Солун за да можат да присуствуваат и пратениците што летувале во Переја, пишува новинарот во книгата.

Треба да се напомене дека домаќинот на вечерата за успешно организираната средба со Заев по неколку месеци стана потпретседател на Европската комисија.
