Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е земја со најчист воздух во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ова е земја со најчист воздух во светот
ЗАБАВА

Ова е земја со најчист воздух во светот

Објавено February 19, 2025 19:21
Сподели
Сподели


За оние кои сакаат одмор во урбана, градска средина, а сепак не преполна со туристи, каде што воздухот е чист, а улиците – без ѓубре, Естонија е „совршената земја“, бидејќи тукушто е прогласена за најчиста земја во светот.

Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на „Ворлд попјулејшн ревју“ (World Population Review), оваа балтичка држава е земјата со најчист воздух. Така, според Индексот за еколошко уредување (ЕПИ), којшто се насочува на фактори како што се испуштање стакленички гасови, јаглерод-диоксид, достигнувања во однос на негативните емисии на метан, спроведувањето политики за животна средина, проширувањето на шумите, обновливи извори на енергија и шуми, Естонија е на првото место на листата. Нејзината ЕПИ-оценка е 75,3.

Следни европски држави на оваа листа се: Луксембург (со ЕПИ 75), Германија (74,6), Финска (73,7), Обединетото Кралство (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9). Всушност, тие се на врвот на светската топ-листа најчисти земји од 2020 година досега.

Уште повеќе, главниот град на Естонија – Талин во 1997 година е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, поради исклучително добро зачуваното старо градско јадро од 13. век, со изворно стари градби.

Во тн. Горен Град, се наоѓа и естонската Влада, сместена во средновековната розова куќа „Стенбок“. Во близина е и 800-годишниот дворец Томпеа и Долниот Град. Кулата „Пик Херман“, којашто е највисок дел од дворецот, со своите 45 метри, велат, е место за искачување (по скали) што мора да се доживее. Меѓу најпосетените знаменитости во Талин се и катедралата „Александар Невски“, Уметничкиот музеј „Кадриорг“ и Паркот „Кадриорг“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска започнува добар период за 3 знаци
Следна Статија Избоден маж од струмичко!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Меркур влегува во Стрелец! Три хороскопски знаци кои можат да го променат светот од 29 октомври

Меркур во Стрелец носи проширување на мислата, оптимизам и потреба да се зборува отворено, искрено и со визија. Умот станува…

October 24, 2025
ЗАБАВА

Кејт Мидлтон на тајна средба со кралот Чарлс

Кралот Чарлс одржа приватен состанок со принцезата од Велс Кејт Мидлтон откако Бакингемската палата ги започна плановите принцот Вилијам да…

December 25, 2024
ЗАБАВА

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди…

June 5, 2026
ЗАБАВА

Поминал 1,6 милиони километри со старо Волво, доби подарок од шведската компанија

Џим О'Ши од Мисури стана тема на многу разговори откако со својот стар Volvo 740 извозел неверојатни 1,6 милиони километри.…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?