Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е пример на тестот каде Трамп постигна 30 од 30 точни одговори, дали би можеле да ги решите задачите?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ова е пример на тестот каде Трамп постигна 30 од 30 точни одговори, дали би можеле да ги решите задачите?
СВЕТ

Ова е пример на тестот каде Трамп постигна 30 од 30 точни одговори, дали би можеле да ги решите задачите?

Објавено April 14, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, е „целосно способен“ да ги извршува должностите на претседателот, се вели во меморандумот што Белата куќа го објави денеска, по редовниот годишен лекарски преглед на Трамп.

Во белешката се наведени резултатите од лабораториските тестови, физичките прегледи и когнитивниот тест и се заклучува дека Трамп се уште е во „одлично здравје“.

Трамп постигна 30 од 30 на Montreal Cognitive Assessment тестот, се вели во белешката. Ова е тест попознат како MoCA тест и се користи за рано откривање на деменција и благо когнитивно оштетување.

Станува збор за брз и едноставен тест кој трае околу 10 минути, а е дизајниран во 1996 година во Канада.

Тестот проценува функции како што се краткорочна меморија, внимание, говор, пресметка, апстрактно расудување и ориентација во времето и просторот. Максималниот резултат е 30 поени, а сè под 26 поени укажува на можно когнитивно оштетување.

Тестот го спроведува здравствен работник со соодветна обука, а за време на тестот, меѓу другото, потребно е цртање часовник, меморирање зборови, повторување реченици и едноставни задачи за одземање.

Пример од тестот

Поврзете ги точките, нацртајте коцка и часовник

Во првата задача треба да поврзете броеви и букви, од 1 до E. Потоа треба да ја копирате нацртаната коцка и да нацртате часовник што покажува 11:10.

Идентификувајте ги животните

Во задачата за именување, треба да ги препознаете нацртаните животни.

Повторете низа зборови

Во задачата што ја тестира меморијата, испитаникот треба да повтори список со зборови. Во овој пример, тие се лице, кадифе, црква, маргаритка, црвено. Тој има право на два обиди.

Повторете ја низата од броеви

Потоа треба да се повтори серијата броеви што ги чита лекарот (2, 1, 8, 5, 4). После тоа, треба да се повтори серија од три броја, од последниот до првиот (7, 4, 2).

Препознајте го А

Во продолжение докторот чита низа букви, а субјектот мора да дава знак со рака секогаш кога ќе ја слушне буквата А. Во примерот е дадена серијата: F B A C M N A A J K L B A F A K D E A A A J A M O F A A B.

100-7

На последното прашање што го тестира вниманието, испитаникот треба да го одземе бројот седум од бројот 100 и да продолжи додека не го достигне бројот 65.

Повторете реченици

Во следната задача треба да повторите две реченици: „Знам само дека Џон е тој што помага денес“ и „Мачката секогаш се криеше под каучот кога кучињата беа во собата“.

Зборови кои почнуваат со буквата Ф

Во тестот за вербална флуентност, треба да наведете што е можно повеќе зборови кои започнуваат со буквата F во рок од една минута. Доволни се 11 зборови.

Најдете сличности

Во тестот за апстрактно расудување, треба да ги наведете сличностите помеѓу воз и велосипед, и часовник и линијар.

Повторете ја низата

Во претпоследната задача треба да ја повторите низата зборови од претходно (лице, кадифе, црква, маргаритка, црвена).

Датум, локација, ден во неделата

На крајот од тестот испитаникот треба да го наведе точниот датум, ден во неделата, местото и градот во кој се наоѓа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајковски со херојски гол во 98. минута донесе важен бод за Хајдук во битката за титула (ВИДЕО)
Следна Статија Анализа: Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство, а од каде најмногу се купува од домашните е-трговци?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми

Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде…

March 8, 2025
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мауле во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на…

December 14, 2024
СВЕТ

Виена сака да стане град без отпад, еве како планира да го постигне тоа

Оваа година е прогласена за година на кружна економија во австриската престолнина бидејќи градските власти сакаат Виена да ја претворат…

March 2, 2025
СВЕТ

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа изјави дека е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа, поради проширената израелска офанзива,…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?