Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова се кандидатите за нов Папа: Eден поддржува хомосексуалци, друг не дава разведени да се причестуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Ова се кандидатите за нов Папа: Eден поддржува хомосексуалци, друг не дава разведени да се причестуваат
СВЕТ

Ова се кандидатите за нов Папа: Eден поддржува хомосексуалци, друг не дава разведени да се причестуваат

Објавено April 22, 2025 20:01
Сподели
Сподели

Правилата на конклавата налагаат право на глас при изборот на новиот папа да имаат 138 од постоечките 252 кардинали.

Кардиналите се назначуваат доживотно од самиот папа, но нивното право на глас престанува кога ќе наполнат 80 години. Процесот на гласање трае неколку дена, а конклавата се одржува додека еден кандидат не освои две третини од гласовите. Обично, овој процес трае помеѓу 15 и 20 дена

Кои се потенцијалните наследници на папата Франциск?

Кардиналот Пјетро Паролин

Пјетро Паролин е државен секретар на Ватикан од 2013 година и највисоко рангиран кардинал во изборната конклава.

Седумдесетгодишникот од Венето е познат по својот умерен став на политичкиот спектар, а неодамна коментираше и за голем број геополитички прашања, наведувајќи:

„Секој може да придонесе за мирот, но решенијата никогаш не смеат да се бараат преку еднострани наметнувања со кои се ризикува да се погазат правата на цели народи, во спротивно никогаш нема да има праведен и траен мир“.

Кардинал Петер Ердо: Разведените  да не се причестуваат

Петер Ердо, кардинал од Унгарија, стана кардинал во 2003 година и е познат по тоа што е побожен Маријанец, посветувајќи ги своите миси на Пресвета Богородица.

72-годишниот Унгарец е еден од поконзервативните кардинали и се спротивстави на практиката да им се дозволи на разведените и повторно венчаните католици да се причестуваат.

Луис Антонио Тагле јавно ги поддржа хомосексуалците

Луис Антонио Тагле, кардинал од Филипините, јавно ги поддржа хомосексуалците. Тагле е седмиот Филипинец кој станал кардинал, а доколку биде избран, тој би бил првиот азиски папа.

67-годишниот кардинал моментално служи како про-префект на Одделот за прва евангелизација на Дикастеријата за евангелизација. Тој беше прогласен за кардинал од папата Бенедикт Шеснаесетти.

Тој е познат по тоа што се одлучи за левичарска политика, слична на папата Франциско, и отворено го критикуваше односот на црквата кон геј луѓето, самохраните мајки, разведените и премажените католици.

Миленикот на Франциск: Кардиналот Матео Зупи

Матео Зупи, уште еден Италијанец на листата, стана кардинал во 2019 година и важи за миленик на папата Франциско. Во моментов е претседател на бискупската конференција на Италија од мај 2022 година.

Овој 69-годишен кардинал бил во бројни меѓународни мисии, меѓу кои и мировната мисија во Украина, каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски, а ги посети и САД, каде се сретна со тогашниот претседател Џо Бајден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија
Следна Статија Синот на Шумахер раскина со убавата Босанка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

НАЈМАЛКУ 221 ЗАГИНАТ: Објавен извештајот за трагедијата во клубот „Џет сет“, причината сепак неразјаснета

Владата на Доминиканската Република вчера објави извештај за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб на почетокот на оваа недела,…

April 12, 2025
СВЕТ

Бербок за три месеци потрошила 20.000 евра за шминка

Според информациите до кои дошол Билд, цитирајќи владини податоци, екс-германскиот канцелар Олаф Шолц одвоил речиси 590.000 евра јавни средства за…

July 20, 2025
СВЕТ

Над 22.000 Германци го промениле полот по олеснувањето на законската процедура

Повеќе од 22.000 германски граѓани официјално го промениле својот регистриран род откако минатата година стапи во сила новиот закон кој…

October 29, 2025
СВЕТ

Мексико одобрува до 50% царини на Кина и други земји

Давачките ќе стапат на сила на 1 јануари и ќе се однесуваат на производи како возила, облека и апарати.

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?