Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овој град воведува строги правила за издавање апартмани на туристите: Казни до 50.000 евра годишно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Овој град воведува строги правила за издавање апартмани на туристите: Казни до 50.000 евра годишно
Blog

Овој град воведува строги правила за издавање апартмани на туристите: Казни до 50.000 евра годишно

Објавено May 11, 2025 11:15
Сподели
Сподели

Виена, некогаш пример за прифатливо домување во Европа, се соочува со растечки проблем на претворање на становите во туристички апартмани. Градот одговори со воведување ригорозни мерки – ограничување на изнајмувањето на три месеци годишно, задолжителна регистрација и драконски казни за прекршителите.

Виена беше исклучок меѓу европските метрополи кога станува збор за кирии и прифатливи станови за граѓани со пониски приходи. Меѓутоа, и таму сè поголем проблем станува растечкиот број станови што се издаваат под наем на туристи. Затоа градот воведе строги правила.

Минатата година беше забележан рекорд со нешто помалку од 19 милиони ноќевања во градот, што е за 9% повеќе од претходната година. И тоа е веќе на границата на издржливост за град од околу 2 милиони жители.

Инаку повеќе од еден век, Виена е позната по систематското градење социјални станови и цели населби за граѓани со пониски приходи, но напливот на туристи и сè повеќе станови што се претвораат во апартмани за изнајмување стануваат сè поголем проблем. Бидејќи надвор од туристичката сезона, тие станови изгледаат празни, додека жителите на Виена залудно бараат сместување.

Уште во летото 2024 година, Виена започна борба против таквото расипништво на станбениот фонд.

Имено, не само што сите сопственици се обврзани да го пријават таквиот сместувачки капацитет, заради соодветно оданочување на приходите, туку стан во Виена може да се издава под наем на туристи максимум три месеци годишно.

Кој сака да го изнајми на подолг временски период, мора да добие посебна дозвола, која многу тешко се добива. Оние кои ги кршат овие правила и издаваат апартмани под наем „на црно“ се соочуваат со драконски казни кои можат да достигнат и до 50.000 евра по стан годишно.

Сепак, дури и најстрогиот закон нема да има ефект ако не е јасно кој ќе ја спроведува контролата. Затоа е формиран посебен оддел во рамките на градежната инспекција во Виена, а Никол Нестле е една од деветте инспектори.

За германскиот „ARD“, таа објасни дека тие секојдневно ги следат најпознатите портали за изнајмување како што се „Airbnb“ и „Booking.com“, како и други сајтови. Покрај тоа, тие добиваат и стотици пријави од жителите на Виена кои се сомневаат дека соседите воопшто не живеат во станот, туку го издаваат под наем на туристи.

Работа има премногу, вели Нестле, особено кога ќе се открие нова локација или кога ќе се утврди дека сопственикот повторно го прекршил законот. Контролите обично се вршат рано наутро, а речиси секогаш се утврдуваат разни прекршоци.

Одделот може да се пофали и со спектакуларни успеси: откриени биле дури и два вистински хотели кои биле нелегално отворени во станбени згради, без ниту еден постојан жител.

Во потрагата им помогнале и новинарите. Порталот „Meinbezirk.at“ откри сопственик на околу дваесет станови во еден градски округ кој нелегално ги издавал на туристи.

Тие се особено строги кон станарите на социјалните станови кои таквите станови ги издаваат на туристи. Ова е строго забрането, но во стотици случаи било откриено дека многумина сепак го правеле тоа. Тие поединци веднаш го загубиле правото на стан и засекогаш биле ставени на „црната листа“ на лица кои никогаш повеќе нема да можат да добијат градски стан. Оваа ригорозна мерка беше потврдена од страна на австрискиот Врховен суд пред неколку години.

Во Виена, во пресрет на локалните избори минатиот викенд, становите за туристи беа една од главните теми.

Социјалдемократската градска администрација и комесарката за урбанистичко планирање Катарина Гал сметаат дека строгите правила веќе даваат резултати и дека бројот на станови што се празни поголемиот дел од годината е намален.

Меѓутоа, опозицијата бара уште построги правила – целосна забрана за изнајмување во станбени области, па дури и околу туристичките атракции да биде дозволен само ограничен број апартмани.

По изборите, социјалдемократите се сè уште најсилната политичка сила во Виена, иако популистичката Народна партија ја зголеми својата поддршка за трипати и стана втора најсилна партија.

Прописите можеби ќе станат уште построги, но веројатно нема да бидат прекумерни – туристите сè уште се важен извор на приход за градот, не само преку плаќање за сместување, туку и преку трошење на други места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Вице Заев станал доминантен сопственик на двете АД Герас Цунев во Струмица

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, со својата фирма Тотал Инженеринг стана доминантен сопственик на двете акционерски друштва…

October 29, 2024
Blog

Дозволена четиридневна работна недела во Велика Британија

Општините во Англија сега имаат право да воведат четиридневна работна недела, откако новата лабуристичка влада ги отфрли приговорите на конзервативците,…

November 10, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Девица – четврток, 6 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот донесува потреба од баланс меѓу активност и одмор. Како Бик, вие сте природно методични,…

February 6, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Овен – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Вашиот овен знак денес ја поткуснува својата сила во јакнењето на внатрешната мотивација. Бидете амбициозни,…

January 28, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?