Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски
ЗДРАВЈЕ

Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски

Објавено November 14, 2025 16:26
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840 000 осигуреници, од кои 1.200 000 се носители на здравственото осигурување.

Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3 000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е доволно и е на ниво на средноразвиени земји.

Во своето обраќање Клековски изнесе низа статистички податоци за тоа колку се вложува во јавното здравство и колку услуги испорачуваат здравствените работници, колку лекови се на позитивната листа, колку лица се лекуваат во странство итн.

– Овој здравствен систем испорачува. Да,  има недостатоци, ама испорачува, нагласи директорот на ФЗО.

Клековски зборуваше и за тоа што треба да се направи во иднина за подобрување на здравствените услуги за граѓаните, како реорганизација и регионализација на здравствениот систем.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски зборуваше за посветеноста на Владата за подобрувања во јавното здравство.

-Можам да кажам дека она кое што го видовме покажува дека полека но сигурно Фоднот го враќа својот интегритет и единствениот начин е бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Потенцираше дека борбата против криминалот и корупцијата претставува главен приоритет и оти тој лично го следи тоа одблиску и оти треба да се подобруваме.

Мицкоски исто така тој ја искористи оваа прилика во свое име и во име на Владата да им се заблагодари на сите здравствени работници и други лица кои беа вклучени во прифаќањето на пациентите од пожарот во Кочани.

На одбележувањето на 25 годишнината од функционирањето на Фондот беа прикажани видеа за развојот на оваа институција, но и за итната помош што здравствените власти и Фондот ја направиле за трансплантација на срце кај дете.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Ќе ја тужиме ЕУ поради забраната за увоз на руски гас
Следна Статија Судиите до Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

Робот опремен со вештачка интелигенција, како и со алатки за сечење и фаќање меко ткиво, со 100 отсто успешност отстрани…

July 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Иако вообичаено на големи теми сме…

September 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“,…

January 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?