Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени
ЗДРАВЈЕ

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Објавено April 18, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Во текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во текот на март 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 608 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 33,1 на 100.000 жители. Во текот на месец март се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 18,5 отсто во однос на претходниот месец февруари 2025 година. Во однос на март 2024, се бележи намалување за 57,5 проценти, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2015–2024, за 44,2 отсто, се појаснува во извештајот на Институтот.

Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи во март, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број и инциденца се пријавите за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени, 19 случаи на инфективна мононуклеоза, осум случаи на скарлатина, три случаи на пневмококни инфекциии, по еден случај на голема кашлица, легионерска болест и менингококна болест.

Во месец март, пријавени се 195 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца се пријавите на ентероколити. Пријавени се 10 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на кампилобактериоза.

Во групата на останати акутни заразни заболувања, во март се регистрирани 58 случаи. Од нив, 54 се случаи на шуга, три случаи на бактериски менингит и еден вирусен менингоенцефалитис.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 11 заболени лица – пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на сифилис, два случаја на инфекција со хламидија и по еден случај на хепатитис Ц и гонореја.

Во групата на зоонози, во месец март регистрирани се два случаја, по еден случај на бруцелоза и ехинококоза.

Во текот на месец март, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА.

– Во однос на вакцино – превентабилните болести, во месец март, регистрирани се осум случаи со инциденца од 0,4/100.000 жители. Регистрирани се четири случаи на вирусен хепатитис Б, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Северна Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Пријавени се три случаи на пневмококни инфекции, од нив две лица се возрасни – припаѓаат во возрасна група 50 до 65 години, а едно лице е дете на возраст од осум години. Трите случаи се со дијагноза на пневмококен менингит. Ниту едно од заболените не е вакцинирано со вакцина против пневмококна инфекција. Во групата на вакцино -превентабилни болести, пријавен е еден случај на голема кашлица, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Четири случаи на Ковид-19 биле евидентирани во државава во текот на месец март. Два случаја биле од Скопје и по еден од Охрид и Тетово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ, Македонија, Велигден – Екстремно добра насловна
Следна Статија Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Офталмолозите предупредуваат: Хлорот од базените може трајно да ги оштети очите

Започнува сезоната на базени. Жештината и дружењето со семејството и пријателите го прават базенот идеално место за поминување на попладнето,…

June 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најголем број од пациентите со дијабетес се третираат со трета генерација инсулин, вели Клековски

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, немање соодветен треман, неисполнување на должностите, одбивање…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?