Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени
ЗДРАВЈЕ

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Објавено April 18, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Во текот на месец март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 15,6 отсто, додека во однос на месец март 2024, се регистрира намалување за 62,5 проценти, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во текот на март 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 608 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 33,1 на 100.000 жители. Во текот на месец март се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 18,5 отсто во однос на претходниот месец февруари 2025 година. Во однос на март 2024, се бележи намалување за 57,5 проценти, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2015–2024, за 44,2 отсто, се појаснува во извештајот на Институтот.

Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи во март, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број и инциденца се пријавите за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени, 19 случаи на инфективна мононуклеоза, осум случаи на скарлатина, три случаи на пневмококни инфекциии, по еден случај на голема кашлица, легионерска болест и менингококна болест.

Во месец март, пријавени се 195 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца се пријавите на ентероколити. Пријавени се 10 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и еден случај на кампилобактериоза.

Во групата на останати акутни заразни заболувања, во март се регистрирани 58 случаи. Од нив, 54 се случаи на шуга, три случаи на бактериски менингит и еден вирусен менингоенцефалитис.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 11 заболени лица – пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на сифилис, два случаја на инфекција со хламидија и по еден случај на хепатитис Ц и гонореја.

Во групата на зоонози, во месец март регистрирани се два случаја, по еден случај на бруцелоза и ехинококоза.

Во текот на месец март, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА.

– Во однос на вакцино – превентабилните болести, во месец март, регистрирани се осум случаи со инциденца од 0,4/100.000 жители. Регистрирани се четири случаи на вирусен хепатитис Б, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во Република Северна Македонија и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски. Пријавени се три случаи на пневмококни инфекции, од нив две лица се возрасни – припаѓаат во возрасна група 50 до 65 години, а едно лице е дете на возраст од осум години. Трите случаи се со дијагноза на пневмококен менингит. Ниту едно од заболените не е вакцинирано со вакцина против пневмококна инфекција. Во групата на вакцино -превентабилни болести, пријавен е еден случај на голема кашлица, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Четири случаи на Ковид-19 биле евидентирани во државава во текот на месец март. Два случаја биле од Скопје и по еден од Охрид и Тетово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ, Македонија, Велигден – Екстремно добра насловна
Следна Статија Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Даниловски за појавата на мајмунските сипаници во Македонија: Што треба да знаете за оваа заразна болест?

Вчера се потврдени два случаи на мајмунски сипаници (mpox) во Македонија. Познатиот доктор епидемиолог Драган Даниловски појаснува што треба да знаете за…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Освежете се со сок од вишни

За љубителите кои бараат вистинско освежување со вкус на овошје и без конзерванси           Состојки 5…

July 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

ГАК: Имаше кус прекин на струја, но бебињата добиваа кислород без застој

Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција по повод обвинувањата на партијата Левица, а ги објави „Фокус“. Од ГАК информираат…

April 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква

Пристигна првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа, изјави денеска д-р…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?