Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
МАКЕДОНИЈА

Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Објавено December 3, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес во Влада присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН.

-Заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади активно и Министерството за образование и наукa работиме на воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Првите години од животот се клучни за развојот на секое дете. Здравствениот систем мора да ја препознае секоја рана потешкотија во развојот, затоа се обучуваат тимови во јавните здравствени установи во Скопје кои веќе обезбедуваат семејно-ориентирани услуги. Паралелно, Министерството работи на развивање универзален систем на скрининг за сите деца до шестгодишна возраст, со што секое дете ќе има пристап до рана процена, без разлика каде живее, истакна министерот Алиу.

Министерството за здравство, заедно со Министерството за социјална политика и со поддршка на Светска банка работи на отпочнување заеднички пилот-проект за воспоставување сеопфатен систем за проценка на лицата со попреченост, прв чекор кон создавање единствен регистар и унапредување на законската рамка за проценка и обезбедување на правото на надоместокот за помош и нега од друго лице.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Момчиња од Јурумлери криеле пиштол во кола, полицијата ги приведе
Следна Статија Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО

Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори, од 19 до 27 април на воениот полигон…

April 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН)…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на невладините организации и здруженијата на граѓани од…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?