Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
МАКЕДОНИЈА

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

Објавено May 25, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“.

На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност, наведуваат од Делегацијата на ЕУ.

Пријавувањето, како што се наведува, е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.

На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница. Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се, се наведува за настанот чија цел е да собере средства за погодените од неодамнешната трагедија во Кочани. Дополнително, на денот на трката ќе биде поставена и кутија за донации од страна на Црвениот крст, каде што сите присутни ќе имаат можност да донираат дополнително, стои во највата за хуманитарната трка.

Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 километри започнува во 10:00 часот, додека трката на 10 километри ќе започне во 11:00 часот. Пристапот со возила кон Средно Водно ќе биде регулиран, а паркингот нема да биде достапен за возила. За таа цел, ќе биде обезбеден организиран бесплатен автобуски превоз од паркингот кај Цветен пазар до Средно Водно. Превозот ќе се одвива од 08:30 до 10:10 часот, а повратниот превоз ќе биде достапен од 12:00 до 14:15 часот.

Граѓаните кои ќе учествуваат во трката се охрабруваат да го користат организираниот автобуски превоз. Дел од автобусите кои ќе се користат се еколошки и се обезбедени со поддршка од Европската Унија, во рамки на напорите за одржлива мобилност и заштита на животната средина. За оние кои сакаат дополнителен спортски предизвик, пешачката рута од подножјето до Средно Водно останува отворена.

На денот на трката (25 мај) нема да се издаваат стартни броеви. Подигнувањето на стартните броеви за учесниците од Скопје се одвуваше вчера и завчера во просториите на Europe House Скопје.

Трката е наменета за граѓани од сите возрасни групи, без разлика на физичката подготвеност. Пријавувањето е веќе затворено, а сите дополнителни информации за локациите и времето на трките можат да се најдат на социјалните медиуми на секој Јуроп Хаус поединечно.

Средствата собрани преку котизациите ќе бидат уплатени на Црвениот крст на Република Македонија и ќе бидат насочени кон поддршка на заедницата во Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Минесота ја декласира Оклахома
Следна Статија Маск го коментираше падот на Икс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Видео: Блокади на улици во Скопје, Куманово и Тетово по победата на Албанија над Србија

По фудбалската победа на Албанија над Србија со резултат 1-0 во Лесковац, синоќа беа забележани масовни прославувања од албанската заедница…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Планинарска патека „Васко Саздовски“ – пријателите на загинатиот Македонец маркираа насока во негова чест

Во чест на Македонецот кој загина при уривањето на настрешницата во Нови Сад, д-р Васко Саздовски, утре ќе пуштена рекреативна…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Наташа Крстевска Цалева ќе ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче немал златна виза за Дубаи

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поседува златна виза за Дубаи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче целосно демантираше. Тврди дека нема…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?