Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд
МАКЕДОНИЈА

Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд

Објавено April 30, 2026 19:56
Сподели
Сподели

Врховниот суд одлучил дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка за предметот „Рекет“, оценувајќи дека тој не може да се смета за оштетен во случајот.

Како што објави Призма.мк, петмина врховни судии донеле одлука дека Камчев нема основ да ги побарува средствата што ги дал, откако претходно преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на одлуките на пониските судови кои му ја одбиле тужбата.

Камчев во 2022 година ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како и поранешното Специјално јавно обвинителство, барајќи солидарно враќање на парите што, според неговите наводи, ги дал како рекет, но подоцна се откажа од тужбата против Милевски.

Во образложението на пресудата, Врховниот суд наведува дека тужителот се впуштил во, како што е наведено, „морално недопуштено договарање“ со тужените, со цел да си ја олесни положбата во предметот „Империја“, поради што нема право да бара враќање на дадените средства. – Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото – стои во пресудата.

Судот оценил дека со давањето пари Камчев сторил кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, посочувајќи дека евентуалното обештетување би значело нарушување на интегритетот на правосудниот систем.

– Дозволувањето тужителот да биде обештетен би значело компромитирање на интегритетот на правосудниот систем во неговата срж, бидејќи судот на тој начин би го наградил тужителот за учество во однос за кој првотужениот, второтужената и третотужениот претходно се санкционирани со казни затвор – се вели во пресудата.

Дополнително, судот утврдил дека дел од тужбеното барање кое се однесува на околу 500 илјади евра дадени на Јовановски не е поткрепено со материјални докази, како и дека Камчев не бил непосреден сведок за наводната исплата на 1,5 милиони евра кон Јанева.

Со одлуката, Камчев е задолжен да ѝ исплати на Јанева 52 илјади денари за трошоци за одговор на ревизијата.

Предметот „Рекет“ претходно заврши со правосилна пресуда, со која на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 му беше изречена затворска казна во траење од девет години за кривичните дела „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“, додека на второобвинетата Катица Јанева ѝ беше изречена затворска казна во траење од седум години за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 19-годишен мотоциклист загина рано утрово во Прилеп
Следна Статија Нафтата над 125 долари, берзите паѓаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе продолжи со истрагите за коруптивни случаи, нема пропусти за бегството на Груби и Ковачевски

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од досегашната борба со корупција, но истакна дека конечните резултати зависат од судската власт. Во…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Намалена видливост поради магла на Стража, Ѓавато, Плетвар и Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

По Скопје и Битола, Торонто е град со најмногу Македонци во светот

Торонто е најмултикултурен и најкосмополитски град во светот, каде живеат и се интегрирани луѓе од сите краеви на светот. Во…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“

Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“. „Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?