Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

Објавено December 11, 2025 16:54
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството и остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица. Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство.

Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Судењето продолжува на 23 декември со воведен збор на одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.

Судечкиот совет, како што информираше судијката Диана Груевска Илиевска, на денешното рочиште не го прифати предлогот на обвинетиот Емил Митев поднесен преку неговиот бранител за укинување на куќниот притвор и определување на друг вид превентивни мерки.

Судот смета дека во оваа фаза на постапката сè уште опстојуваат причините за определувањето на куќниот притвор, а особено од причини што истиот е поднесен без одредена пропратна документација или други докази, за да може да се донесе поинаква одлука, изјави Груевска Илиевска.

Таа, укажа на дел од одбраната, дека сите овие предлози е многу поефектно доколку ги поднесуваат до Кривичниот совет, каде што се бара мислење и од Јавниот обвинител и може комплетно да го документираат со сите докази, и посочи дека дел тоа веќе го прават, информирајќи дека во тек е разгледувањето на барањето за укинување на притвор за обвинетиот Папазов, како и дека на обвинетиот Џевари Камбери му е преиначена мерката притвор со гаранција со решение на Апелациониот суд.

Одбраната на обвинетите вработени во Министерството за економија тврди дека тие вршеле само службена проверка на документацијата за лиценци, без можност да предизвикаат или да придонесат кон пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. Во своите воведни говори пред Судот тие денес укажаа дека „ниту им било обврска, ниту надлежност по закон да вршат проверка на било какви услови“ и дека немале ниту можност да вршат проверка дали кој било документ доставен до нив по закон е точен или неточен. Нивната работа, како што тврдат, е од управна постапка, без право на увид во објектот – административна, а не инспекциска и „работат со документација која доаѓа заверена и потпишана со одговорност од други институции“.

Со серија забелешки за работата на Обвинителството, одбраната на пазарните инспектори, на денешното рочиштето за случајот со пожарот во Кочани остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица.

Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство, кое по допрен глас е тоа што треба да ја има првичната реакција доколку имало некаква незаконитост во објектот.

Одбраната на Размена Чекиќ Дуровиќ државен секретар во Министерство за економија, адвокатот Гоце Ристевски, во воведен збор рече дека, обвинителниот акт е комплексен и изобилува со контрадикторности и невозможни дејствија на извршување од обвинетите.

Оваа обвинета се товари како сторител на кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ од Член 292, став 4, во врска со Член 288, став 4, во врска со став 3, во врска со став 2, во врска со Член 22 од КЗ. За ова кривично дело е предвидена казна затвор до пет години, што значи дека според правилата на процесната постапка овластениот тужител за оваа обвинета требал да поднесе обвинителен предлог, за кој важат процесните правила за скратена постапка, изјави Ристевски.

Тој нагласи дека ваквата правна квалификација и опис на дејствија за Размена Чекиќ Дуровиќ, не може да биде дел од оваа постапка.

Воведен збор останува да даде и одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.

Претходно, покрај обвинителството, воведен збор даде и одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението. Воведен збор дадоа и поранешните директори на ДЗС, министри за економија, како и градежни инспектори.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна Владата на Бугарија!
Следна Статија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија, нема да дозволиме српско сценарио

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Болката е преголема, не е за ситни политички поени, темата да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, кажа Мицкоски за трагедијата во Кочани

Ве молам болката е преголема, се уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје втор на листата по најлош квалитет на воздух помеѓу главните градови во Европа

Главниот град на БиХ Сараево, е со најлош квалитет на воздухот за изминатата 2024 година на листата на главните градови…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во…

October 18, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?