Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
ХРОНИКА

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Објавено April 1, 2026 11:54
Сподели
Сподели

Судењето против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, се одложи.

Главната расправа закажана за денеска се одложи за 20 април по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, кој информирал дека истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет во Основниот суд Кочани.

Судијата информира дека телефонски стапил во контакт со бранителот и побарал да обезбеди присуство на друг адвокат за денешното рочиште, со цел да се утврди динамиката на постапката. Како замена беше дојден друг адвокат и беше утврдена динамиката за наредните рочишта.

Судот на денешното рочиште информира и дека утрово биле доставени повеќе листи на докази по што судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска апелира во иднина поднесоците да се доставуваат навремено бидејќи, како што рече, доцнењето влијае врз траењето на постапката и можноста тие да бидат разгледани од судот и доставени до Јавното обвинителство.

Во судницата денеска беше прочитан и уште еден предлог за одлагање на рочиштето за кој судот соопшти дека бил доставен во 9.10 часот.

Судијата реагира на аргументацијата на предлогот, во кој, како што цитира, било наведено „она што се обидува ЈО да го направи во оваа судница е недозволиво нудејќи две теории на случај за еден ист настан, со исти фатални последици“, при што судијката апелира на внимателен избор на речник во поднесоците и настапите на одбраната.

Друг бранител денеска предложи спојување на постапката со главното судење за „Пулс“, во кое се опфатени 35 обвинети, меѓу кои управители, градоначалници и вработени во Министерството за економија.

Случајот го застапува обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОГОКК, а обвинети се Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.

Предметот се однесува на 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пад на цената на нафтата под 100 долари по сигналите за деескалација на Блискиот Исток
Следна Статија Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена пријавена за исчезната

На 27.12.2024 година во 15:00 часот во СВР Куманово З.М.(36) пријавила дека од домот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане…

December 28, 2024
ХРОНИКА

Нелегален софтвер откриен во казино во Боговиње – кривична за фирма од Скопје и вработен од Охрид

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице-друштво за туризам, угостителство и услуги од Скопје и против А.М.(25) од Охрид,…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик…

July 9, 2025
ХРОНИКА

Две малолетнички паднале од електричен тротинет и тешко се повредиле

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?